Единствено во ОНЕ и ЏаБест припејд: Неограничени разговори кон сите мрежи за 79 денари неделно

Датум: 03 дек 2013
Тагови:

Во пресрет на празниците, телекомуникаискиот оператор ОНЕ ја збогатува својата припејд понуда со уште една неодолива промоција.

Од 3 декември, промотивно и единствено во ОНЕ, сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест добиваат можност да зборуваат слободно и без ограничувања со 2 милиони луѓе во Македонија.

Едноставно, со новиот неделен пакет на ОНЕ, припејд корисниците можат да зборуваат неограничено кон сите национални фиксни и мобилни мрежи во Македонија за неделна претплата од само 79 денари и 2,9 денари за воспоставување на повик.

ЏаБест корисниците и понатаму зборуваат бесплатно со сите броеви од ЏаБест друштвото, а новиот неделен пакет ќе им овозможи неограничени разговори и кон сите останати мрежи во Македонија.

Неделниот пакет е достапен за сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест и истиот може да се активира со: Повик на бесплатниот број 1460

  • СМС порака на бесплатниот број 181 со текст KON SITE START и/или
  • Со повик на 181, во центарот за грижа на корисници на ОНЕ

Промотивниот неделен пакет на ОНЕ е вистинско претпразнично освежување за сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест кои во неделите што следат ќе уживаат во долги и опуштени разговори.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар