Еден на Еден се враќаат во студио

После новогодишната и божиќна епизода од Еден на Еден, во кои меѓу другото уживавме во урнебесни скечеви со ликовите Жарко Збрефтов, Спасе, Жарко Коцкица и компанија, најгледаното македонско шоу се враќа на екраните во вообичаениот формат.

Овој пат Жаре простор му отстапува на долгогодишниот фронтмент на студискиот бенд во Еден на Еден – Пеперминт, актерот и музичар Горан Трифуновски Пајак. Познавајќи го Пајак и неговата релаксираност пред камерите, очекуваме уште една одлична „Еден на Еден“, а најавата за истата ја имаме тука.

Гледајте Еден на Еден оваа сабота на Телма во 19.15 часот.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар