ДЈ Шорти Пи ака Панчо со свој сет во Загреб

ДЈ Шорти Пи ака Панчо со свој сет во Загреб

Нашиот хип-хоп и Р&Б диџеј Шорти Пи ака Панчо, утре (17-ти јануари, петок) ќе има свој сет во најурбаниот клуб во Загреб – Грув. По одличните настапи минатата година на хип-хоп фестивалот Фреш Ајланд во Хрватска, во клубот Фристајлер во Белград и последниот во Шафхаузен, Швајцарија следна дестинација на Панчо е колепката на балканскиот хип-хоп, Загреб, каде публиката има префинет вкус за овој тип забави.

„Загреб е една од моите омилени балкански дестинации кога станува збор за диџеј сетови. Презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај тамошната публика и на мое огромно задоволство повторно ќе бидам гостин во нивниот град“ – вели Панчо.

Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и R&B стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во петок во Загреб.

ДЈ Шорти Пи ака Панчо со свој сет во Загреб


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар