Дизајнерски лампи во Концепт 37

Во четврток, на 28 ноември, со почеток во 20.30 часот, во концептуалното кафуле „Концепт 37“ (на улица Рузвелтова 37), ќе се одржи промоција на најновата серија лампи, креирани од македонскиот дизајнер и мултимедиjален уметник Бојан Кртолица. Постановката лампи „Waxlamp“, за првпат беше претставена пред македонската публика, минатата година, како дел од групната изложба во рамките на „Skopje Design Week“.

Дизајнерски лампи во Концепт 37

Ова е прва независна промоција од ваков тип. Имено, станува збор за концептуален дизајнерски производ – лустер, изработен целосно од пластика (поликарбонат ). Уникатноста на овој производ ја прават широката палета и можноста за варијации во однос на дизајнот, начинот на кој е запакуван и начинот на негово склопување/составување. Се работи за DIY ( do it yourself ) концепт, при што идејата е купувачот, на некој начин да се инволвира во целата приказна, за на крај, во неколку чекори, да може сам да го состави.

Дизајнерски лампи во Концепт 37

Запакуван е во картонска туба, налик кутија за диплома, каде се содржи целиот сет на потребни елементи. Целта е преку продажба на неконвенционални места, овој дизајн за расвета, да се популаризира и доближи до сите љубители на дизајнерски производи и да биде достапен по разумна цена. Засега, оваа нова серија се продава на пазарот во Хрватска, поконкретно во Загреб и Ровињ, како и во Љубљана, Словенија. Кај нас, засега, ќе биде достапна во самиот простор на „Концепт 37“.

Настанот ќе биде придружуван со настап на скопскиот поп-фолк бенд – „June“ (Џун), кој во два блока од половина час ќе се претстави пред скопската публика со нов материјал.

Дизајнерски лампи во Концепт 37

Инаку, невообичаениот паркур, на овој студент по филмски студии, кој поголемиот дел од неговиот професионален ангажман го има поминато во адвертајзинг агенции, го води во Барселона, каде пред две години, магистрира на школата за уметност и дизајн – Елисава, отсек арт дирекција и дизајн. За по неговото враќање во Македонија, да го основа неговото студио за дизајн и визуелни комуникации – БАИКА. Покрај, продукт дизајнот, се занимава и со графички дизајн, фотографија, како и видео продукција. Минатата година, заедно со шпанската дизајнерка Каролина Каралт, го снимија експерименталниот краток филм “Девојка што паѓа”. Во моментов, меѓудругото, работи како дизајнер и арт директор за париските музички агенции „CEZAME“ и „Art Melodies“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар