Денс-спектакл со 3Д-мапинг во „Експо центар“

Денс-спектакл со 3Д-мапинг во „Експо центар“

На специјалниот настан Illuminations, македонската публика за првпат имаше можност да ја проследи изведбата на унгарската денс-група „Фрилужн“ чие гостување го организира „Урбан клуб“. Тие се првата група што на светско ниво ги споила техниките за видео мапирање и интерактивното танцување.

Денс-спектакл со 3Д-мапинг во „Експо центар“

Импресивни видеопроекции, извонредна кореографија и употреба на најсовремената визуелна технологија создадоа феноменална атмосфера на синоќешната забава Illuminations во скопскиот „Експо центар“. На специјален настан, македонската публика за првпат имаше можност да ја проследи изведбата на унгарската денс-трупа „Фрилужн“ чие гостување го организира „Урбан клуб“. Тие се првата група што на светско ниво ги споила техниките за видео мапирање и интерактивното танцување. Присутните, меѓу кои беа и низа познати урбани ликови, беа одведени во поинаква, виртуелна реалност со помош на интерактивното 3Д-денс шоу.

Квалитетот на „Фрилужн“ неодамна беше препознаен и од популарното шоу „Британија има талент“. Публиката што дојде на журот Illuminations беше воодушевена, исто како и Сајмон Кауел, главниот судија во британското шоу, кој групата ја опиша со зборовите:

„Перформансот изгледаше навистина интелигентно и имаше многу добра кореографија. Оставаше впечаток како да гледаме 10 години во иднината.“

Со истото чувство си заминаа и присутните на специјалната забава Illuminations во „Експо центар“. Дополнителна причина за одличното расположение беа одличните диџеј-сетови на Никифор и Гоце САФ, кои се претставија со препознатливи селекции од електронски и хаус-траки, како и хип-хоп, соул и фанк.

Денс-спектакл со 3Д-мапинг во „Експо центар“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар