Денес во 13:00 гледајте #филмвоживо

Денес во 13:00 гледајте #филмвоживо

Што е ова #филмвоживо?

Прв оригинален обид за снимање кратки филмови во живо со најхрабрите твитерџии, во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“.

Твитерџиите ќе бидат „режисери“, а сите вие може да бидете „сценаристи“ на кратките филмови и да им помогнете околу случувањата во собите. На крај, заедно го гласаме најдобриот филм.

Каде и кога се снима?

Се снима три дена во три различни соби во хотел Синедејс во периодот од 13 до 14 часот. Денес снимаме во собата на писателот, во среда (18 ноември) снимаме во собата на љубовниците, а во четврток (19 ноември) – во собата на киднаперите.

Стримингот во живо денес во 13:00 ќе може да го следите на нашиот веб-сајт преку банерот десно или на http://hotelcinedays.mk.

Кои се „режисерите“?

@JBurgundi и @mnogufina се „режисери“ во собата на писателот. @mila_la и ‏@Gas_maska се „режисери“ во собата на љубовниците. ‏@jocoska и ‏@strezovski се „режисери“ во собата на киднаперите, 
а ‏бонус е @Gas_maska како еден од глумците во таа соба.

Како да бидете „сценаристи“?

Следете го стримот во живо, давајте предлози на хаштагот #филмвоживо како да се одвива дејството во собата и ако вашиот предлог е ретвитнат од „режисерите“, тогаш тоа е следната акција што ќе ја направи ликот во собата. Со тоа вие станувате сценарист и добивате карти за филм по ваша желба од репертоарот на „Синедејс“ и маичка.

Писателот

Денес снимаме во хотелската соба на писателот. Го гледаме седнат на масата пред својата машина за пишување. Дали ќе напише нешто или ќе му стигне СМС? Можеби ќе добие некаков пакет пред вратата? Што ќе се случи? Помогнете им на @JBurgundi и @mnogufina со сценариото и освојте награди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар