Дали сте подготвени? На Pickbox доаѓаат „Фарго“, „Животно семе“ , третата сезона на „Викинзи“ и многу други одлични серии

Дали сте подготвени? На Pickbox доаѓаат „Фарго“, „Животно семе“, третата сезона на „Викинзи“ и многу други одлични серии

Pickbox за есента подготви одлични ексклузиви, премиери и хит-серии – Фарго со Били Боб Торнтон, новата сезона на научно-фантастичниот деликатес Животно семе со Хали Бери и опасните Викинзи, кои во третата сезона пристигнуваат пред вратата на една од најголемите европски метрополи.

1-dali-ste-podgotveni-na-pickbox-doagjaat-fargo-zhivotno-seme-tretata-sezona-na-vikinzi-i-mnogu-drugi-odlichni-serii-kafepauza.mk

Фарго – хроника на морничави убиства

Серијата Фарго, која во септември пристигнува на Pickbox, е инспирирана од истоимениот филм што освои два „Оскара“, а гледачите ги шокираше со низата убиства што се случија во еден мал град во Минесота. Можеби серијата Фарго и не би била толку посебна ако нејзини извршни продуценти не беа истите оние одлични браќа Коен кои го режираа филмот и ако во неа не ги видевме ѕвездите како Били Боб Торнтон, Мартин Фримен, Колин Хенкс, Кирстен Данст, Тед Денсон, Боб Оденкирк и многу други.

Сезоните што ги очекувавме

Добитничката на „Оскар“ Хали Бери и најпознатиот хрватски актер со кариера во Холивуд Горан Вишњиќ ги гледавме како брачната двојка Вудс во серијата Животно семе (Extant). Во втората сезона Хали Бери, која ја игра астронаутката Моли, ќе биде самохрана мајка на еден мал робот и ќе има многу проблеми на глава. Имено, животот на Моли се превртува наопаку кога од вселенската соло-мисија се враќа трудна, а таткото на нејзиното дете не е маж ѝ Џон.

2-dali-ste-podgotveni-na-pickbox-doagjaat-fargo-zhivotno-seme-tretata-sezona-na-vikinzi-i-mnogu-drugi-odlichni-serii-kafepauza.mk

Освен Животно семе, на Pickbox пристигнува и третата сезона од историскиот спектакл Викинзи во кој ќе гледаме како напредува опсадата на средновековните европски брегови. До која европска метропола ќе стигнат викинзите и дали ќе им појде од рака да го заземат градот, гледајте во последната снимена сезона на Викинзи.

Досега веројатно ги знаете сите тајни на докторот Вилијам Мастерс и на Вирџинија Џонсон, а на Pickbox можете да ја следите и најновата трета сезона од фалената серија Доктори за секс, веднаш по премиерата во САД!

Мажот што стана жена

Вртоглавата популарност што ја постигна серијата Транспарентно (Transparent) откако се појави лежи врз луди темели. Едно нормално семејство од Лос Анџелес доживува шок кога таткото Морт одеднаш се изјаснува како трансродна личност. Морт станува Мора, а ние следиме како неговото семејство ќе го издржи неговото признание. Поради тоа што таткото на авторката на серијата Џил Соловеј станал жена, серијата и повеќе од доволно почива на веродостојни темели.

Дури три вселенски екипажи на Pickbox

Качете се на вселенскиот брод „Ентерпрајз“ и со капетанот Жан-Лик Пикард тргнете на далечно патување низ вселената. Ако сте непоправлив обожавател, на Pickbox освен Ѕвездени патеки: Следната генерација (Star Trek: The Next Generation) ве чекаат уште два научно-фантастични деликатеса: Ѕвездена порта: Вселена (Stargate Universe) и Ѕвездена порта СГ-1 (Stargate SG-1).

На Pickbox доаѓаат и…

А за да не паднете во депресија по враќањето од годишниот одмор, Pickbox во септември подготви и многу филмови, но и култни серии!

131252_GROUP_FINAL_01

Така децата ќе се забавуваат со класиката на Дизни Принцезата и жабецот, како и со третиот и последен дел на тинејџерската сензација Средношколски мјузикл 3, а младите ќе можат да ја следат четвртата сезона на Младиот врколак (Teen Wolf), но и Марвеловата серија за омилените суперхерои, Агентите на ШТИТ, љубителите на научната фантастика ќе уживаат во најновата сезона на серијата на Стивен Кинг Под куполата (Under the Dome), ќе се насмееме со класичните хумористични серии Кафуле На здравје, Брачни води и Сите го сакаат Рејмонд и ќе се бориме против криминалот со сериите Интелигенција (Intelligence), Шпионки (She Spies) и Рано издание (Early Edition), а Купидон (Cupid) ќе ве натера да верувате во љубовта.

Љубителите на филмот нема да останат разочарани со хитовите од холивудската фабрика. На Pickbox доаѓаат Чудниот живот на Тимоти Грин (The Odd Life of Timothy Green), Патот на славата (Glory Road), Креветски украси и дршки од метли (Bedknobs and Broomsticks), Матурска (Prom), Супермоќи (Powers), како и Хрониките на Лизи Борден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар