„Чоколадна земја“ трети пат по ред во Веро центарот

„Чоколадна земја“ трети пат по ред во Веро центарот

„Чоколадната земја“ во Веро-центарот, сега веќе еден од најголемите настани поврзани со ова слатко задоволство по трети пат нуди дегустација и продажба над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители.

„Чоколадна земја“ трети пат по ред во Веро центарот

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во млечни, бели, црни или чоколади со разни вкусови и додатоци на Европа, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион, Ритер спорт, Шотеген, Тофифи, Звечево, Микадо, Нестле, Карнила и Кармела.

Од 23 јануари до 19 февруари Веро-центарот ќе понуди чиста чоколадна возбуда и доживување со уникатни игри и активности за најмладите, дегустација на најдобрите чоколада и колачи, можност потрошувачите да научат за потеклото на чоколадата, неговата обработка, кулинарски истражувања и многу повеќе!

2-chokoladna-zemja-treti-pat-po-red-vo-vero-centarot-kafepauza.mk

 

„И оваа година сме особено задоволни што на потрошувачите можеме да им понудиме најразлични примероци и најголем избор на чоколада, чоколадни бонбони и колачи од големото портфолио на нашите излагачи.

Оваа чоколадна екстраваганција ќе развесели многу љубители на чоколадото и ќе им понуди можност за истражување, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.

Можете да купите нешто за себе или да однесете како подарок за денот на вљубените“ – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

3-chokoladna-zemja-treti-pat-po-red-vo-vero-centarot-kafepauza.mk

Веро-центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

Ве очекуваме во Чоколадната земја.

4-chokoladna-zemja-treti-pat-po-red-vo-vero-centarot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар