Black Friday и во Македонија: До 80% намалување на производите на Техномаркет

Black Friday и во Македонија: До 80% намалување на производите на Техномаркет

Намалување до 80% на поголемиот дел од производите ќе има во сите продавници на Техномаркет. Со оваа акција, која ќе започне во петок, на 29 ноември, а ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања.

Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени.

Black Friday и во Македонија: До 80% намалување на производите на Техномаркет

Најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на која сите поголеми маркети, продавници и компании своите производи ги нудат со големи попусти, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.

Екстремни попусти, голем избор на производи од различни брендови, можност за доопремување на домовите по намалени цени, сето тоа ќе биде достапно во сите продажни салони на Техномаркет ширум државата.
На овој начин, Техномаркет уште еднаш успева да докаже дека е компанија која константно води грижа за своите потрошувачи и преку иновативни и интересни акции се труди да ја награди нивната долгогодишна доверба.

Black Friday и во Македонија: До 80% намалување на производите на Техномаркет


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар