Бизнис корисниците на ОНЕ добиваат најголема вредност за цената што ја плаќаат

Датум: 17 дек 2013
Тагови:

Според последниот извештај за испитување на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации во РМ за деловни корисници, бизнис корисниците на ОНЕ добиваат најголема вредност за цената што ја плаќаат.

Најголем број од деловните корисници на мобилната телефонија на ОНЕ, односно 83,6% од испитаниците, одговориле дека добиваат соодветна вредност за цената што ја плаќаат согласно тарифниот модел кој го користат и притоа најголем број од испитаниците, односно 35,7% одговориле дека се најзадоволни од поволноста на тарифните модели во ОНЕ.

Според извештајот, единствено базата на деловни корисници на ОНЕ бележи раст. Од 19,52% удел во 2012 година, базата на деловни корисници на ОНЕ пораснала за 8,03%, со што уделот на бизнис корисници на ОНЕ изнесува 27,55% во 2013.

Октомврискиот извештај на АЕК покажува и дека најголем број од корисниците на интернет услугите на ОНЕ, односно 66,7%, не го надминуваат лимитот за трансфер на податоци и следствено на тоа истите не доплаќаат за трансфер на податоци по надминување на лимит што е уште показател дека бизнис корисниците на интернет услугите на ОНЕ добиваат повеќе вредност за цената што ја плаќаат.

Воедно, најголем дел од корисниците на интернет услугите на ОНЕ, т.е. цели 50% се изјасниле дека во однос на обемот на интернет сообраќај и брзината на трансфер на податоци, годинава добиле повеќе споредено со 2012 година.

Последниот извештај на АЕК е објавен по анкетата спроведена во месец октомври, на репрезентативен примерок од 300 деловни субјекти, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги.

Резултатите од анкетата се позитивен сигнал за задоволството на деловните корисници кои ги користат услугите на ОНЕ и уште потврда за тоа дека ОНЕ на своите корисници им нуди најдобри услуги по најповолни цени.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар