Битолски сирења со помалку сол за поздраво уживање

Повеќето луѓе секојдневно консумираат повеќе сол отколку што им е потребно, најчесто бидејќи на овој начин храната им е повкусна или пак за да елиминираат одредени силни миризби и вкусови. Но, внесувањето поголеми количини сол може да го наруши здравјето и да предизвика негативни осцилации на крвниот притисок.

(1) Битолски сирења со помалку сол за поздраво уживање

Покачениот крвен притисок, или хипертензијата е лоша вест бидејќи е најчестиот фактор кој може да предизвика срцеви проблеми. Добрата вест е дека внесувањето помала количина на сол во организмот на дневно ниво може да има многу позитивни резултати.

Повеќето производители на прехранбени производи во трката за подобар вкус не обрнуваат внимание на соленоста на продуктите и најчесто продуктите кои ги консумираме се пресолени.

Бимилк е првата компанија во Р. Македонија и регионот која започна да работи на подобрување на процесот на производство на своите сирења во насока на добивање на поздрави и повкусни продукти.

Благодарение на последните промени во технологијата, кај белите сирења на Бимилк за 20% се намали процентот на сол и сега изнесува до максимум 2,5%. Отсега, омилените Битолски сирења не само што имаат одличен вкус, туку се и едни од најздравите прехранбени продукти на македонските трпези.

Битолските сирења се богати со хранливи материи, протеини, калциум и содржат многу витамини, а отсега и позитивно влијаат на крвниот притисок.

На овој начин Бимилк уште еднаш ја покажува својата решителност и заложба да се грижи за здравјето на своите потрошувачи преку постојано подобрување и надградба на своите производи.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја веб-страната: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар