Audi A5 и Q2 со највисоки оценки на најстрогиот европски тест за безбедност на возилата

Audi A5 и Q2 со највисоки оценки на најстрогиот европски тест за безбедност на возилата

Новите модели на Audi, A5 и Q2, добија највисоки оценки од Европската програма за проценка на нови автомобили (Euro NCAP) и со тоа ја потврдија нивната позиција меѓу најбезбедните возила на пазарот. Признанието се однесува на безбедноста на возрасните, децата и на пешаците, а една од главните причини за одличниот пласман е системот на итно сопирање.

Euro NCAP test: five stars for the Audi A5 Coupe, Audi A5 Sportback and Audi Q2

Audi Q2 е опремен со систем кој детектира дали има други автомобили или луѓе на патот и доколку има опасност од судир најпрво го предупредува возачот, а потоа ги вклучува автоматските итни сопирачки.

Моделите Audi A5 Coupè и A5 Sportback исто така добија највисоки оценки, односно пет ѕвезди, од експертите. Тоа генерално е резултат на системот кој придонесува за безбедност на возилата. Кога автомобилот се движи со брзина од 85 километри на час, овој систем го скенира патот и доколку забележи потенцијален судир возачот добива серија на предупредувања и во случај на итност се иницира сопирање. При брзина од 40 километри на час незгодите можат целосно да се избегнат, а при 85 километри на час предупредувањата и сопирањето ја намалуваат силата на ударот.

Новиот Audi A5 има вградено и импресивен број на помошни системи меѓу кои и за избегнување на судири и асистенција при вртење. Првиот му помага на возачот да заобиколи некоја пречка, а вториот го следи сообраќајот при вртење со помала брзина. Во опасни ситуации целосно го запира возилото за комплетно да го спречи вртењето доколку има опасност од судир.

Програмата Euro NCAP е формирана пред речиси две децении со цел да се тестираат новите автомобили, а критериумите и правилата на оценување од година во година се засилуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар