Александар Маленко открива: Преживеав инфаркт! (ВИДЕО)

„Пливач на векот и Казанова на милениумот“ – вака Жаре го најави интервјуто со Александар Маленко. Епизодата со еден од најконтроверзните спортисти ќе се емитува на Телма, оваа сабота во 19 и 15 часот. Ова е негово прво појавување на ТВ-екраните по долга пауза. Секогаш интересен, непредвидлив и искрен – Маленко и овој пат имаше што да ни каже.

Ќе зборува за неговите многубројни успеси и рекорди, за трите олимпијади, петте бракови и петте деца, за средбата со Владимир Путин, ќе чита твитови за себе, ќе биде неверојатно искрен и ќе раскаже за најстрашната епизода од неговиот живот – инфарктот кој го преживеал.

Затоа, оваа сабота гледајте „Еден на Еден“ на Телма во 19 и 15 часот.

Погледнете ја најавата:

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар