Ако младите луѓе сакаат да имаат градоначалници кои ќе имаат разбирање за нивните потреби, треба да гласаат

Ако младите луѓе сакаат да имаат градоначалници кои ќе имаат разбирање за нивните потреби, треба да гласаат

Младите гласачи ги нарекуваат „wind of change“ и нивниот глас е особено важен во демократските општества. Главно е важен затоа што голем број на клучни прашања во актуелните политичките случувања се директно поврзани со нив. Проблемите на студентите, лесно вработување на штотуку дипломираните, младите професионалци и нивните кариери нема да доживеат реформи и просперитет без вклучување на младите во политиката. Сè уште не сте убедени дека младите треба да гласаат сега повеќе од било кога?! Ова се некои од најголемите причини зошто младите гласачи мора токму сега да се изборат за својата иднина и да гласаат за политичката опција со чиј став тие се поистоветуваат.

ako-mladite-lugje-sakaat-da-imaat-gradonachalnicite-koi-kje-imaat-razbiranje-za-nivnite-potrebi-treba-da-glasaat

1. Младите гласачи чинат приближно 20% од гласачката популација, што ги прави екстремно моќна политичка сила

Петтина од македонското гласачко население се млади луѓе на возраст од 18 до 28 години, што значи младите сили имаат реален потенцијал да влијаат политиките во државата. За жал, многумина од нив не гласаат по сопствено убедување, не се информираат за програмите на општинските кандидати, не знаат која политичка структура какви планови и реформи предлага за нив, а неретко се случува воопшто и да не ги знаат имињата на опциите.

2. Повозрасните се одлучувачки фактор со различни идеи

Иако младите луѓе сочинуваат голем дел од гласачкото население, многу помали се шансите тие да се одлучувачкиот фактор наспроти повозрасното население. Но повозрасните имаат различни потреби, желби и верувања кои не секогаш се поклопуваат со оние на младите. Ако младите луѓе сакаат да имаат градоначалниците кои ќе имаат разбирање за нивните потреби, треба да излезат и да ги гласаат.

3. Секој глас се брои!

Младите луѓе сè уште не можат да се поврзат со политичките случувања, не разбирајќи ги докрај изборните модели честопати сметаат дека нивниот глас е неважен или не се брои меѓу илјадниците гласови. Тоа едноставно не е случај. Популарноста на Обама помеѓу младите гласачи можеби беше еден од клучните фактори кои му донесоа победа во вториот мандат.

Колку и да ви звучи неважно и досадно, гласот на младите е поважен дури и отколку што мислите.

4. Младите луѓе се најпогодени од економската криза

Трошоци за образование, отселувања, недостаток на работни места и парализирана финансиска иднина и самостојност се ситуациите со кои се соочуваат многу млади луѓе. Тоа се ситуациите кои нема да се променат доколку младите седат со “скрстени раце“ додека се носат големите политички одлуки. Младите гласачи кои сакаат да направат промени треба да ја покажат својата поддршка за кандидатите кои ќе ги претставуваат нивните потреби.

5. Младите гласачи се неверојатно разновидна група

Младите се голем и разнолик гласачки блок. Токму тие може да направат многу голема разлика на изборите ако нивниот одѕив е висок. Различната природа на младите е важен прилог во демократскиот процес, затоа што младите луѓе носат нови искуства и идеи во политичките расправи и одлуки. Младите гласачи може да им покажат на останатите дека различностите може да се договорат за нивните заеднички интереси.

6. Младите треба да се вклучат во следење на политичките случувања што поскоро

Градењето односи со политичките процеси од рана возраст е клучот за тоа да прерасне во доживотна навика. Ако стекнете навика на гласање и учење на своите граѓански права, ќе биде многу помала веројатноста да ги прескокнете изборите во иднина или да бидете измамени од политички ветувања. Активното граѓанство сочинето од граѓани со јасни визии за својата иднина носи создавање на нови корисни закони и избира лидери кои ги претставуваат потребите на сите.

7. Денес е полесно од кога било да се биде образован гласач

Во денешни времиња, не постои оправдување дека не гласаме затоа што не знаеме доволно за кандидатите и нивните програми. Социјалните медиуми, блогови, YouTube и информативните веб-сајтови обезбедуваат доволно материјали за да добиеме кристална слика и да ги позиционираме политичките кандидати. Можностите за граѓанско образование не се од корист само во месецот на предизборието, туку тие може да ги мотивираат младите гласачи да останат вклучени и да ги следат политичките процеси кои влијаат на нивните животи, дури и кога тоа не е директно.

8. Гласови на младите може да ги “занишаат“ локалните избори

Како што рековме погоре, секој глас се брои, и ако доволно млади луѓе излезат и гласаат, тоа всушност би можело да ги заниша изборите. Сетете се само колку пати низ историјата младинските интелектуални движења или студентски организации донеле позитивни општествени промени.

9. Сега можеби не се замарате, но за 5 години сигурно ќе се замислите

Избор на градоначалник или општински советници можеби не е нешто што во моментот ви се чини дека влијае на вашиот живот. Но животот на повозрасните носи многу нови предизвици, како што се одржување на семејството, купување на дом, растење на деца во здрава средина, здравствено осигурување, отпочнување на бизнис и други животни ситуации кои може да ги моделирате уште од денешна ваша перспектива. Може да направите политички одлуки додека сте се уште млади, кои ќе ви го олеснат животот за 4-5 години од сега и ќе ве заштитат во реалниот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар