After-work дружење со авторите нa „Tip of the Week“ во книжарницата ТРИ (ГТЦ прв кат)

Почитувани пријатели,

Со задоволство ве покануваме на after-work дружење со авторите на „Tip of the week“ – Прирачниците за личен и за професионален развој, Петар Лазаров и Калин Бабушку во КНИЖАРНИЦА ТРИ (ГТЦ први кат) на 15.07.2015 (среда) со почеток од 19.00 часот.

after-work-druzhenje-so-avtorite-na-tip-of-the-week-vo-knizharnicata-tri-gtc-prv-kat-kafepauza.mk

Преку личното и професионално искуство на авторите, кои воедно се и создавачи на брендот MAMA’S, дознајте зошто е важна истрајноста во животот. Што значи феноменот на позитивни мисли? Зошто знаењето е основа за промени? Зошто на сите ни е потребен одмор и како најдобро да го искористиме? Дали има формула за успех? …и уште многу интересни содржини и приказни.

Инспирирајте се за промени и подгответе се за долго и успешно лето со одличните мотивациони и едукативни совети кои се дел од „Tip of the Week®“ Прирачниците за личен и за професионален развој. Проверете до каде сте со вашите знаења и вештини и како може да се подобрите преку многуте практични примери и вежби.

Ветуваме одлично дружење, ЗАЕДНО СО ВАС со желба за промени и позитивна енергија.

Бидете дел од НАС и запознајте ги од блиску личните искуства на Вашите автори Петар Лазаров и Калин Бабушку кои секојдневно се темелат на сѐ поуспешни промени.

Ајде заедно да инспирираме промени!!!

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар