100% безбедно и безболно ласерско отстранување на диоптрија во „Систина Офталмологија“ по промотивна цена до 1 септември

Ослободете се засекогаш од очилата и леќите. Навреме закажете термин. За првите 100 пациенти цената е само 450 евра за едно око.

4-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk

Специјалната очна болница „Систина Офталмологија“ им нуди на првите 100 пациенти по промотивна цена од 450 евра по око трајно отстранување на диоптријата. Станува збор за крајно безбедна, безболна и брза интервенција со која засекогаш пациентите ќе се ослободат од очилата и леќите. Хируршките интервенции се прават во новиот рефрактивен оддел на „Систина Офталмологија“ во соработка со Клиниката „Свјетлост“ од Загреб, Хрватска, на чело со проф. Д-р Никица Габриќ, признат експерт во светот, кој пред 18 години ја направи првата ласерска операција за корекција на диоптрија во регионот. Оваа операција во светот се изведува веќе 30 години и преку 50 милиони луѓе го имаат направено овој зафат.

1-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk

Операции веќе се прават, а минатата недела кај 20 лица беше успешно отстранета диоптријата. Хируршка интервенција на едно око не трае повеќе од 5 минути, а пациентите кои ги правеа се изјаснија дека не чувствувале никаква болка за време на интервенцијата и дека веднаш по операцијата гледале скоро 100%. Операциите за ласерско отстранување на диоптријата се изведени со LASIK метода со помош на Wavelight 400 HZ IQ ласер, што претставува врвна технологија во светот, која гарантира максимална безбедност за пациентите и целосно отстранување на диоптријата која никогаш не се враќа. Проф. д-р Никица Габрич исто така своите очи ги оперираше токму со овој тип на ласер, цврсто убеден во неговата ефикасност.

2-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk 3-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk

Хируршките интервенции за трајно отстранување на диоптријата се резултат и на пред два месеци потпишаниот партнерски договор за соработка меѓу„Систина Офталмологија“ и клиниката „Свјетлост“ од Загреб која успешно ги прави овие операции веќе 18 години, а каде стручниот тим на „Систина Офталмологија“ беше два месеци на сеопфатна обука.

5-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk

Со воведувањето на ласерска операција за отстранување на диоптрија во својата програма, „Систина Офталмологија“ се вброи во најмодерните клиники во регионот, овозможувајќи им на македонските граѓани врвна интервенција која сега можат да ја прават во својата земја.

0-100-bezbedno-i-bezbolno-lasersko-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-po-promotivna-cena-do-1-septemvri-kafepauza.mk

Закажете термин на овој линк.
Контакт телефони:

+389 2 30 97 000

+389 70 351 008

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар