Затворете очи и замислете се себеси на некоја убава дестинација. На која локација прво помислувате? Кое е вашето идеално патување? Дали во вашите мисли гледате некоја егзотична дестинација, убав ски-центар, место богато со историски знаменитости или окружено со маркантна природна убавина? Кога веќе го замисливте вашето идеално патување, одлучете со кого би сакале да ги креирате тие непроценливи спомени. Со вашите пријатели или пак можеби со вашето семејство?

Со цел да ги откриеме потребите и мечтите на Македонците за нивниот идеален одмор, тимот на Ајде на одмор ви подготви еден креативен натпревар, во кој вашата задача ќе биде да го дадете вашиот одговор токму на овие прашања.

Опушти се на бесплатен одмор ова лето

Кликнете на сликава за да го креирате вашето идеално патување.

Одберете омилена држава и град, напишете накратко што би правеле таму, односно како би го поминувале вашето време (на плажа, на шопинг, во ноќни клубови, во посета на познати споменици, музеи, градби или разгледувајќи природни убавини…), одберете идеален датум од годината за поаѓање и враќање, одберете го видот на патување (летување, крстарење, културна посета…) одберете минимум 1, а максимум 8 ваши пријатели на Фејсбук со кои би го поминале одморот и притиснете „креирај“.

Со тоа ќе го креирате вашиот ваучер, преку кој можете да ги поканите другите да гласаат за него, да го споделувате на вашиот профил или да го испраќате линкот преку ФБ пораки, преку имејл, Скајп или кој медиум и да го користите, со цел да соберете што е можно повеќе гласови. Опушти се на бесплатен одмор ова летоПотрудете се да формирате креативен ваучер, за кој луѓето ќе сакаат да гласаат. Оној што ќе освои најголем број гласови, ќе биде победник, на кој Ајде на одмор му доделува летување на Санторини, Пара, Полихроно, Потидеа, Пефкохори или Фурка, во вредност од 20.000 денари. Од една IP адреса, може да се гласа само еднаш. Сите кои сакаат да создаваат ваучери или да гласаат за други, мораат да бидат фанови на фан-страницата на Ајде на одмор и секако, да имаат свои лични профили на Фејсбук.

Гласање од лажни профили не е дозволено и се смета за злоупотреба, поради која може да се дисквалификува учесникот. Натпреварот – „Кое е твоето идеално патување?“ започна на 20 мај 2013 година, а ќе заврши на 20 јуни 2013 година, во 12:00 часот на фан-страницата на Ајде на Одмор на Фејсбук. Опушти се на бесплатен одмор ова лето