Оглас за хонорарен ангажман на автор со пола работно време | Кафе пауза

Кафе пауза медија има потреба од креативен и талентиран автор со пола работно време за период од минимум 9 месеци.

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на македонскиот литературен јазик
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за креативно стилско изразување
  • Искуство со пишување и превод
  • Широк спектар на интереси за покривање теми од застапените области на Кафе пауза
  • Способност за наоѓање квалитетни, издржани и интересни извори на содржини за превод (линкови)
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Склоност и вештини за работа на авторски текстови како истражувања, интервјуа и колумни
  • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за фиксно работно време од 4 континуирани часа на ден (од дома), како и подготвеност за викенд дежурства (секој втор викенд во месецот)
  • Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
  • Исполнителност, посветеност, одговорност и желба за пишување
  • Желба за усовршување, надградување и напредување

Вашето CV, заедно со мотивационо писмо на македонски јазик (бидете оригинални и креативни и кажете ни што знаете и можете и зошто би сакале да бидете дел од нашиот тим) и линкови или прилози од два ваши објавени текстови, еден авторски и еден превод, (доколку имате) испратете ни ги на admin@kafepauza.mk со назнака во subject: Aplikacija za avtor.

Огласот трае до 14 март, а работниот ангажман започнува од месец април. Само соодветните кандидати ќе бидат контактирани по имејл за тестирање и интервју.

Со среќа!