„Њу момент“ е агенција на годината во Европа | Кафе пауза

Освојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато, „Њу момент“ беше најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави во т.н Нова Европа (Северна, Источна, Централна, Јужна Европа, Русија и Блискиот Исток) кои учествуваа со свои кампањи и решенија.

Македонската маркетинг-агенција „Њу момент“ од Скопје е прогласена за најдобра агенција за 2013 година на „Голден драм“, најголемиот европски фестивал за адвертајзинг, што веќе 20 години се одржува во Порторож, Словенија.„Њу момент“ е агенција на годината во ЕвропаОсвојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато, „Њу момент“ беше најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави во т.н Нова Европа (Северна, Источна, Централна, Јужна Европа, Русија и Блискиот Исток) кои учествуваа со свои кампањи и решенија.

На нашиот јубилеј, 20 години од формирање на агенцијата, „Њу момент Скопје“ докажа дека може рамноправно да се натпреварува со најдобрите од Европа и од светот. Победите на мала сцена за нас никогаш не биле предизвик. Оваа година ги постигнавме најголемите успеси и ги освоивме најголемите европски и светски награди кои постојат во оваа сфера и докажавме дека адвертајзингот нема само комерцијална, туку и уметничка и општествено корисна функција. Ова е успех за целата креативна индустрија во Македонија – вели Сашо Пешев, директор и партнер на „Њу момент“.

Кампањата „Заедничка молитва – 10 метри одвоени“ освои четири Гран-при статуетки во категориите: нови и иновативни кампањи, најдобар настан, најдобра радио-кампања и бренд на годината. Кампањата за годинашниот Скопски џез-фестивал освои Гран-при за најдобар дизајн и злато за најдобра кампања во надворешното огласување.„Њу момент“ е агенција на годината во ЕвропаПокрај наградата за најдобра агенција, регионалниот креативен директор, Душан Дракалски ја доби и специјалната награда Златен часовник, за најнаградуваната кампања на фестивалот „Заедничка молитва“ од проектот за соживот на Владата на Република Македонија.„Њу момент“ е агенција на годината во ЕвропаВо јуни годинава, „Њу момент“ со кампањата „Заедничка молитва“ го освои и Титаниумскиот лав на фестивалот на креативноста во Кан, највисока награда во адвертајзингот, а воедно прва за Македонија и во регионот. Со тоа го потврди епитетот најкреативна и најнаградувана македонска агенција на меѓународното поле на креативноста.