За летото да донесе радост…

Доаѓа најубавото годишно време – летото, а со тоа се наближуваат и долгите сончеви денови и уживањето во летните одмори. Во умерени количества сонцето е извор на здравје, го крева расположението, буди чувство на среќа. Нега на кожата во летниот период со производите на ЕуцеринНаучно е докажано дека помага во регулирање на сите животни функции. Иако е прекрасно да се почувствува милувањето на топлите сончеви зраци, сепак не смее да се потцени нивната јачина. Предолгото и неумерено изложување на сончевите зраци може да биде опасно. Додека одиме на работа, шетаме, спортуваме или седиме во кафуле на отворено, изложени сме на сончевите УВА И УВБ зраци кои може да поттикнат појава на многубројни, дури и опасни промени на кожата. Eucerin нуди производи кои овозможуваат оптимална секојдневна заштита од сонцето, но и неопходна нега и хидратација за кожата во летниот период.

Нега на кожата во летниот период со производите на ЕуцеринОд особена важност во летниот период е да се нанесе средство со заштитен фактор пред секое излегување на сонце, но и кога е облачно, бидејќи УВ зрачењето продира длабоко во кожата оштетувајќи го колагенот и еластинот во подлабоките слоеви на дермисот предизвикувајќи хиперпигментација, брчки и груба кожа. Редовна примена на производ за сончање е најефикасниот начин да се спречи предвременото стареење на кожата. Eucerin Sun Spray SPF 50+ е спреј за заштита од оштетувањата на кожата предизвикани од сонцето, а за лицата со чувствителна кожа склона кон алергии се препорачува лосионот за сончање Eucerin Allergy Sun 50+ Lotion. Нашето лице е една од областите која е најмногу изложена на сонце, па затоа тоа има потреба од производи за заштита од сонце со супериорна ефикасност. Eucerin Sun Creme Face Dry Skin SPF 50+ е заштитен крем од сонце за лице, кој ѝ пружа идеална заштита на сувата кожа, а Eucerin Mattifying Sun Fluid SPF 50+ е матирачки флуид кој се препорачува за лица со нормална и комбинирана кожа.

Нега на кожата во летниот период со производите на ЕуцеринНо, во период на високи температури, кожата лесно и брзо ја губи својата влажност, се нарушува заштитниот масен слој и таа лесно се иритира, поради што освен заштита од сонце, ѝ се потребни и средства за оптимално навлажнување. Производите Еуцерин AQUAporin ACTIVE овозможуваат интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Во оваа колекција има богати хидратантни дневни креми Light, Rich и крема со SPF 15 наменети за секој тип на кожа, кои обезбедуваат долготрајна и длабока хидратација на кожата на лицето. Во оваа колекција се содржат и гел за туширање за хидратација на телото и лосион за тело за интензивна хидратација.

Доколку имате чувствителна кожа, дерматолозите препорачуваат за навлажнување на телото да го користите Eucerin pH5 маслото за туширање за сува кожа, а за интимна нега се препорачува Eucerin Intim protect со pH 4.7.

Нега на кожата во летниот период со производите на ЕуцеринEucerin обезбедува и комплетна заштита за сите видови на сува, многу сува и атопична сува кожа. Производите за сува кожа ги решаваат проблемите на сувата кожа со тоа што ја обезбедуваат потребната влажност, ја прават кожата помека и ги намалуваат брчките. Уникатната формула содржи Уреа и млечна киселина, кои ја влажнат кожата по природен пат. За летниот период се препорачуваат Eucerin Complete Repair лосион со 5% Уреа за сува кожа, а за стапала се препорачува кремот за стапала со 10% Уреа.

Поминете го летото убави и свежи со производите на Eucerin !