Паметен прстен кој секој би го посакал

Паметен прстен кој секој би го посакал

Веќе имаме паметни телефони, паметни часовници, телевизори и што ли уште не, па зошто да немаме и паметни прстени? Доколку цело време го вадите телефонот од џеб за да проверите дали ви стигнала некоја нова нотификација, овој прстен ќе ви помогне да заборавите на оваа навика. Со негова помош, секоја нотификација од телефонот ќе можете да ја прочитате на вашиот прст.

Паметен прстен кој секој би го посакал

Овој гаџет работи во тандем со кој било друг паметен уред. Па така, доколку некој ви „лајкне“ слика на Фејсбук, сте добиле имејл, не сте прочитале некој твит, ви стигнала СМС-порака или имате пропуштен повик, прстенот ќе ви даде известување.

Паметен прстен кој секој би го посакал Паметен прстен кој секој би го посакал

Паметниот прстен се поврзува со вашиот смартфон преку блутут и во реално време ви овозможува да следите сè, без да го вадите телефонот од џеб непотребно. Исто така, можете да видите колку е саат, да го проверите датумот, да пуштите музика, да ја проверите состојбата на батеријата на телефонот, да кренете, спуштите или да одбиете повик и многу други работи.

Паметен прстен кој секој би го посакал

Направен е од нерѓосувачки челик, а дизајнот е одличен. Доколку ви се допаѓа можете да го нарачате онлајн.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар