Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Расипани пиксели често се појавуваат и на сосема нови екрани. Штом еднаш забележите макар еден расипан пиксел на вашиот монитор, тој ќе биде постојан извор на иритација секогаш кога ќе го користите. Доколку имате гаранција, проверете дали таа важи за бројот на расипани пиксели со кои вие се соочувате, но и не мора да трчате веднаш во продажниот салон бидејќи тие може или да ве вратат назад или да ви го задржат лаптопот или мониторот со недели. Расипан пиксел може да се поправи прилично едноставно и во домашни услови, а за ова не треба да бидете експерти.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Што е пиксел?

Наједноставно кажано, тоа е една точка од сликата, која може поединечно да се контролира. Сите точки ја формираат целата слика. Екранот се состои од мрежа од стотици пиксели, кои се подвижни, за која цел ги менуваат боите. Секој пиксел се состои од 3 под-пиксели, црвен, зелен и син. Секој од нив пак, е напојуван од транзистор кој ја контролира активната состојба на пикселот.

Расипан пиксел е оној кој не ја прикажува очекуваната боја на екранот. Тоа значи дека тој се има или заглавено на некоја боја, моментално се има исклучено или пак сосема исклучено, што веќе претставува мртов пиксел.

Всушност течниот кристал во под-пикселот понекогаш не се распоредува еднакво и тоа е причина пикселот воопшто да не се вклучи. Ако сите три под-пиксели се зафатени со проблемот, тогаш се случува состојба на моментално исклучување. Во друг случај, транзисторот може да е расипан и тогаш пикселот е нон стоп вклучен (гори) или исклучен (црн) и тогаш се работи за мртов пиксел. Ако видите пиксел во друга боја или бел, шансите да го поправите се големи, но и за црн пиксел има уште малку надеж.

Како да ги откриете расипаните пиксели?

Има неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат во тоа…

LCD2

Вклучете го тестот за сите 5 бои (зелена, сина, црвена, бела и црна) едно по друго и видете дали ќе се јават некакви проблеми.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Во последната верзија од оваа алатка можете да направите „масажа на пиксели“ што може да поправи заглавен пиксел со честа стимулација. Па, ако забележите некоја неправилна точка или цел регион на вашиот LCD екран, вклучете ја опцијата „Fix My Screen“ и оставете го софтверот да работи околу еден час.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

IsMyLcdOK

IsMyLcdOK пак е портабл-апликација за Виндоус со која можете да правите различни тестови за проверка на пикселите, а корисниците на Мекинтош, може да го пробаат Pixel Fix.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Online Monitor Test

Со оваа алатка можете да тестирате расипани пиксели, но и квалитетот на вашиот монитор воопшто. Можете да ја користите онлајн верзијата или пак да ја инсталирате на компјутерот.

За да тестирате, изберете ја опцијата HTML window. На цел екран ќе се префрлите со F11.

Како да поправите расипан пиксел?

Расипан пиксел единствено може да се поправи со често стимулирање и со надеж дека притоа ќе успеете да го вратите во живот. Постојат два начини, едниот е софтверски, другиот е мануелен.

UDPixel

Доколку немате цел час за да се обидете да го поправите расипаниот пиксел со  опцијата „Fix My Screen“ на LCD2, можете да го користите UDPixel за локално да работи на расипаниот пиксел со помош на опцијата undead pixel“.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

JScreenFix

И ова е една онлајн апликација која користи Јава-аплет за да ги поправи заглавените пиксели.

Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

Сепак, најуспешно се покажува методот на рачно одглавување.

Рачна поправка

Ако ниедна од овие алатки не ви го реши проблемот, сепак има уште малку надеж. Ова е една брза техника, но убави поопширни упатства можете да најдете и на wikiHow и на instructables.

  • Исклучете го мониторот
  • Земете влажна крпа за да не го изгребете екранот.
  • Притиснете со крпата (веројатно ќе ви треба и некој остар предмет под крпата) врз местото на екранот каде го пронајдовте заглавениот пиксел. Внимателно, немојте да притискате отприлика, па да зафаќате со притисок и околни пиксели бидејќи вака може и нив да ги расипете.
  • Додека притискате, вклучете го компјутерот и екранот.
  • Престанете со нанесување притисок. Заглавениот пиксел би требало да се одглави.

Ако и оваа метода не помогне, веројатно ќе мора да се вратите кај вашиот продавач.

Ако сте имале некое непријатно искуство или пак успешно сте решиле проблем на некој од овие начини или на друг, пишете ни коментар.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Trim Reply

    so naznaka! ne go pravete doma ;))))))

Остави коментар