10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите

Сподели

Веб-апликациите порано важеа за слаби копии од некои популарни софтвери, кои секојдневно многу се користат. На нив се гледаше како на непрактични алатки, поради ограниченоста на нивните функции.  Нивното развивање, денес ги направи моќни алтернативи на комерцијалните десктоп апликации со кои можете успешно да си ја завршите својата работа.
10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеДесктоп програмите си имаат свои предности, но користејќи ги онлајн сервисите можете целосно да ги искористите придобивките од т.н. Cloud Computing (интернет базирано споделување на ресурси, податоци и софтвер кои се чуваат на компјутери и други уреди поврзани во глобалната мрежа,а се пристапуваат по волја на корисникот).  При користењето на повеќето веб-апликации, потребни ви се само прелистувач и конекција за пристап кон вашата онлајн база.  Исто така, притоа зачувувате време кое сте го губеле за инсталација и тестирање.

Еве неколку предлози за одлични веб базирани алтернативни апликации, кои можат многу да ви помогнат.

1. Sliderocket
Замена за
Microsoft PowerPoint
10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите
Потполно функционална апликација која ќе ви овозможи да направите, обработите или споделите презентација. Ги нуди повеќето опции кои се достапни во Microsoft Power Point, но и некои додатни.

2. Acrobat
Замена за Microsoft Office и  Adobe Acrobat
10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите
Acrobat.com е пакет од веб апликации на Adobe, кој може да го замени целиот Microsoft Office.  Апликациите Buzzword, Tables, и Presentation се всушност замени за Word, Excel, и PowerPoint. Исто така, пакетот нуди можност да отворате PDF документи, можност за онлајн средби и соработка помеѓу корисниците.  Сите услуги се бесплатни (со некои ограничувања), но корисниците можат да и да се претплатат за да добијат поголем број функции.

3. Aviary
Замена за Adobe Photoshop, Illustrator, Soundbooth
10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите
Моќен пакет на алатки кој ќе ви овозможи да уредувате слики, вектори, па дури и аудио. Посетете го сајтот и погледнете го големиот избор на сервиси кои ги нуди.

4. JayCut
Замена за софтвери за обработка на видео

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеМногу лесен и корисен онлајн видео едитор. Функциите на кои ќе наидете, се идентични како во повеќето софтвери за обработка на видео, а конечниот производ ќе можете да го преземете или да го прикачите директно на Јутјуб. Во бесплатниот пакет ќе можете да експортирате до 20 видеа месечно и ќе ви биде достапен онлајн простор од 2 гигабајти.

5. WobZip
Замена за софтвери за декомпресирање

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеWobZip е одлична онлајн алатка за декомпресирање на датотеки.  Сервисот подржува многу различни формати за компресирани документи, а секој од фајловите подлежи на скенирање од вируси преку антивирусот BitDefender.

6. Zamzar
Замена за софтвери за конвертирање на фајлови

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеОтсега навистина ќе немате проблеми со никаков формат на некој фајл.  Наместо да инсталирате безброј софтвери за конвертирање на вашите документи, слики, видео и аудио материјали, појдете на Zamzar и преполовете си ја работата.

7. TokBox
Замена за софтвери за видео разговори

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеВеб-апликација која ви овозможува да разговарате и со 20 луѓе наеднаш. Сѐ што треба е да се регистрирате и веднаш можете да почнете со муабетење. Апликацијата е бесплатна, но за некои додатни бенефиции можете и да се претплатите.

8. ESET Online Virus Scanner
Замена за антивирус

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеОва не значи дека нема да ви биде потребен антивирус на вашиот компјутер. Направен e од креаторите на NOD32, а ви овозможува комплетно скенирање на вашиот компјутер преку прелистувачот. Скенирањето може да потрае некое време, а по него сомнителните датотеки ќе бидат ставени во карантин.

9. BitLet
Замена за торент клиенти

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеКога немате пристап до некој клиент за торенти на вашиот компјутер, оваа апликација навистина ќе ви биде одлична солуција. Прикачете торент фајл од компјутерот или пак внесете ја адресата на торентот директно на BitLet и дозволете тој да се погрижи за останатото.

10.  iCloud
Замена за оперативен систем

10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користитеiCloud е онлајн оперативен систем кој ќе ви овозможи пристап до стотици вградени апликации. Со бесплатниот модел, добивате 3 гигабајти онлајн простор, а доколку ви е потребен поголем, секогаш ќе можете да се претплатите.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар