10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук

1. Како да го скриете статусот од одредени луѓе?

Можеби немате навика да чепкате низ поставките за приватност („Privacy Settings“) на Фејсбук, но токму овде ќе најдете опција да одредите кој ќе може да ги гледа вашите статуси, и тоа: сите, само вашите пријатели или пријателите на вашите пријатели.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук

Можете да изберете и одредени листи со пријатели (вашите колеги, роднини или познаници), па дури и поединечни имиња на луѓе кои не треба да добиваат информации за вашите нови статуси. Затоа служи катанчето во десниот дел од рамката „What’s on your mind?”. Ако кликнете на „Customize“ ќе можете да изберете кој треба да го види статусот што ќе го објавите или кој не треба да го види.
.

2. Како да ставите Dislike опција за вашиот статус

Ако сакате да поставите нешто на вашиот ѕид, за кое ќе ви значи да добиете реален фидбек од вашите пријатели, практично би било да поставите копче „Dislike“, веднаш до популарното „Like”. Апликацијата Status Magic за Фејсбук може да додаде вакво копче на секој статус кој ќе се објави преку неа. Уште позабавно е што оваа опција можете и дополнително да ја прилагодувате за изразување различни емоции, како на пример: „Love”, „Hate”, „Disagree” „LOL” и сл.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук.
3. Како да поставите таг во вашиот статус

Иако оваа опција не е многу нова, според тоа колку луѓе го прашуваат Гугл како се прават имињата на статусите на Фејсбук сини, изгледа дека на многумина сѐ уште ова не им е баш јасно.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук

За да спомнете некој во вашиот статус, напишете „@” во линијата за статуси и почнете со испишување на името на оној кој сакате да го обележите. Ќе ви се појави листа на имиња кои почнуваат со таа буква, после што само треба да го изберете вистинскиот профил. Оваа опција, покрај за профилите, е достапна и за страници, брендови, настани и компании.
.

4. Како да си закажете идно објавување на статуси

Има повеќе надворешни сервиси од овој тип, но наједноставниот начин за да го постигнете ова е дефинитивно со користење на едноставната и бесплатна алатка Later Bro. Најавете се преку Facebook Connect, изберете ја временската зона, пишете што сакате да излезе во одредено време кое ќе го означите на календарот и толку.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук.
5. Како да ги визуелизирате вашите статуси во вид на облак (word cloud)

Апликацијата Status Analyzer 3D ќе види што сте пишувале во последно време и ќе генерира листа, а потоа и убав, анимиран облак од зборови во различни бои. Вашиот облак можете да го споделите со поставување на вашиот профил или пак на ѕидовите на вашите пријатели.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук6. Како да ставате симболи во вашите статуси

Единствениот симбол кој можете да го направите автоматски со кратенка од тастатурата е ♥ кое се прави со притискање „<3″.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук

Корисниците на пи-си  можат да ставаат дополнителни симболи со притискање на „Alt” + некој број од нумеричката тастатура.
.

7. Како да гледате статуси од луѓе од целиот свет

Доколку сакате да ѕирнете во мислите на луѓето кои користат Фејсбук низ целиот свет, појдете на OpenBook. Сајтот автоматски генерира статуси од сите кои во поставките за приватност ја имаат избрано опцијата „Everyone.” Можете да пребарувате по пол или по клучни зборови за да видите што луѓето зборувале на одредена тема или пак да ги погледнете новините во светските статуси.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук.
8. Како да се забавувате со јазичните опции на Фејсбук

Можете да изберете статусот на Фејсбук да се прикаже наопаку или на т.н. пиратски јазик, кој ќе ги направи имињата на опциите позабавни. Ова може да се постигне со надворешни сервиси. TypeUpsideDown.com и UpsideDownText.com ќе го свртат текстот на статусите наопаку, додека Talk Like a Pirate Day ќе ви помогне во пиратскиот превод.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук.
9. Како да се пошегувате со вашите пријатели

Овој линк: http://facebook.com/profile.php?=73322363 може да води до сечиј профил на Фејсбук, всушност секој што е најавен на сервисот ќе го одведе до сопствениот профил. Пред да го поставите на нечиј ѕид, во комбинација со некој текст од типот: „Најгрд профил на Фејсбук“,не заборавајте претходно да го тргнете визуелниот преглед на линкот кој Фејсбук автоматски го додава.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук.
10. Статистика на вашите статуси

Сте се запрашале ли колку пати сте поставиле нов статус на Фејсбук? Ако да, со Status Statistics за Фејсбук ќе добиете пристап до ваквите податоци и повеќе.

10 интересни совети и трикови за статуси на Фејсбук

Апликацијата прави анализа на вашите статуси и ви дава листа на сите што сте ги напишале, просечниот број на употребени зборови и број на објавувања на ден. Дополнително, генерира дијаграм кој покажува во кој период од денот и во кои денови од неделата најчесто пишувате нови статуси.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ангела Reply

    Како да ја најдам Status Magic апликацијата?

  2. Jana Reply

    Na Google napishi Status Magic i ke ti se pojavi edno Login Facebook|Status Magic stisni na nego i toa e

Остави коментар