Најтенкиот мобилен телефон во Македонија – Huawei Ascend P6 | Кафе пауза

  • Лесен како пердув и тенок како меч
  • Совршени автопортрети со новата генерација на фотографски софтвер

Елегантен и стилски, новиот HUAWEI Ascend P6 е еден од најтенките паметни телефони во светот.

Пристигна најдобриот, најубавиот и најтенкиот мобилен телефон во Македонија – Huawei Ascend P6 со само 6,18 мм.Најтенкиот мобилен телефон во Македонија - Huawei Ascend P6Huawei Ascend P6 – новиот паметен телефон од кинескиот производител Huawei, по официјалното претставување во повеќе европски престолнини, отсега е достапен и на македонскиот пазар, благодарение на T-Mobile. Со елегантен и модерен дизајн, дебелина од само 6,18 мм и тежина од само 120 грама, Huawei Ascend P6 е без сомнение најтенкиот мобилен телефон во Македонија!

Новиот Ascend P6 е најимпресивниот телефон досега изработен од Huawei, во поглед на дизајнот, користените материјали и квалитетот. Huawei Ascend P6 е тенок неверојатни 6,18 милиметри, а ја поседува најновата технологија: екран со големина од 4,7 инчи и со резолуција од 1.280х720 пиксели, четиријадрен процесор со јачина од 1,5 GHz, 2 GB RAM-меморија и 8 GB интерна меморија (со можност за мемориска картичка од 32 GB). За неговата прецизна изработка се користени висококвалитетни материјали, предниот дел е речиси целиот од стакло, а екранот е направен така што да биде чувствителен на допир дури и кога корисникот носи ракавици.

Новиот смартфон работи на оперативниот систем Андроид Jelly Bean 4.2.2, а она по што особено се истакнува е предната (фронтална) камера од 5 мегапиксели, што овозможува исклучително висок квалитет на автопортретите. Благодарение на новата генерација на фотографски софтвер со вградена „поддршка за разубавување на лицето“, односно можност за моментално пеглање на брчките и изедначување на нијансите на лицето, сега имате можност да направите совршени автопортрети со само едно кликање на копчето за сликање! Главната камера од 8 мегапиксели има автофокус-функција и снима видео во FULL HD-резолуција, a нуди и можност за макрофотографирање (фотографирање од блиску) – што значи дека може да се овековечи секој предмет без разлика на неговата големина, со камерата што овозможува јасни фотографии на само 4 сантиметри растојание од предметот за фотографирање.

Одличен додаток на платформата Андроид е тоа што овој паметен телефон користи и кориснички интерфејс Emotion UI, кој меѓу другото, нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.

Комплетниот софтвер на овој телефон е достапен на македонски јазик и има кирилична поддршка, како и апликации кои ги прават полесно достапни сервисите на T-Mobile.Најтенкиот мобилен телефон во Македонија - Huawei Ascend P6Најтенкиот мобилен телефон во Македонија - Huawei Ascend P6Huawei Ascend p6 е достапен во три бои: бела, црна и розова.

Неодамна Huawei Ascend P6 ја доби престижната награда – најдобар мобилен телефон во категоријата „паметен телефон за корисници“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук. Според зборовите на EISA-судиите, Huawei Ascend P6 е изненадувачки добро опремен паметен телефон, по многу атрактивна цена. Судиското жири за награди на асоцијацијата EISA го сочинуваат уредници на 50 списанија за електронски уреди од 19 европски земји.

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на T-Mobile, во почетокот на октомври 2013 година, во црна и бела боја. Сите заинтересирани корисници за овој телефон ќе може да ја искористат можноста да го купат со попуст од 10 % доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или, пак, ако подигнат ваучер во некоја од најблиските продавници на T-Mobile во периодот од 26.9.13 до 9.10.13. Искористувањето на попустот е во периодот од пристигнувањето на 1.10.2013 до 31.10.2013.

 Поважни спецификации:

  • Задна камера од 8 мегапиксели и предна камера од 5 мегапиксели
  • Android Jelly Bean 4.2.2 оперативен систем
  • 8 GB меморија, со можност за користење на 32 GB micro SD картичка
  • Процесор на 1,5 GHz
  • Батеријата трае 30 % подолго

Најтенкиот мобилен телефон во Македонија - Huawei Ascend P6