„My Red“ – сензуален парфем од холивудската дива Деми Мур | Кафе пауза

Без разлика дали сте излезени надвор и го фотографирате градот носејќи црвено или сте на романтичен состанок со некоја посебна личност, овој ексклузивен мирис ќе ве одведе далеку на магично, егзотично патување на сензуалноста и гламурот.„My Red“ – сензуален парфем од холивудската дива Деми Мур По повод 17-годишнината од своето постоење, Орифлеим Македонија го претстави заводливиот парфем „My red“ од Деми Мур, во кој главната состојка е реткиот вид црвен јасмин. Сензационалната мирисна сензација, во соработка со актерката од А-листата Деми Мур и со реномираниот дизајнер на парфеми Винсент Шалер, е олицетворение на сензуалноста, холивудскиот гламур и елеганцијата. Со својот талент, убавина и моќ, Деми успева да ги фасцинира мажите и жените ширум светот. Токму затоа оваа фатална жена, е совршениот претставник на магнетски привлечниот „My red“.„My Red“ – сензуален парфем од холивудската дива Деми Мур Црвениот јасмин е симбол на изразување приврзаност и сензуалност. Со својот моќен и сигурен мирис, „My Red“ е наменет за оние жени кои се осмелуваат да остават впечаток, кои сакаат да бидат неодоливо привлечни и да предизвикаат восхит кај луѓето.

Ценет поради својата едноставност и слаткиот мирис, жените од различни култури со векови наназад носеле во косите цвет од јасмин, со кој сакале да остават впечаток на скромна, елегантна и достоинствена жена. Црвениот јасмин има цветна, софистицирана, богата, овошна, сензуална арома, која му дава на овој мирис современ и смел потпис. Овој цвет, помешан со бели цвеќиња, брусница и со сочни јаболка „грени смит“, ја дава неодоливата, богата арома.

Ексклузивната колекција „My red“ вклучува и прекрасна црвена модерна кожна чанта, свилена марама и крем за тело, кои го надополнуваат елегантниот мирис, со холивудски гламур. „My Red“ – сензуален парфем од холивудската дива Деми Мур