Во светот на „Bijelo Dugme“

Есента во 1971 година, гитаристот Исмет Арнауталиќ му предложил на Горан Бреговиќ да биде дел од бендот „Jutro“. Покрај нив двајца, во бендот биле Реџиќ, Гордан Матрак и Златко Ходник. Како член на Јутро, Бреговиќ ги напишал своите први песни. Во 1972 година бендот добил можност да направи албум, па Бреговиќ го поканил и Бебек со кој тие ја снимиле песната „Patim, evo, deset dana“ која се појавила на втората страна од синглот „Ostajem tebi“ кој бил снимен со Ходник. Веднаш по завршувањето на снимањето на песната, Бебек морал да отиде во војска.Во светот на „Bijelo Dugme“За време на неговото отсуство бендот снимил уште 4 песни: „Kad bi’ bio bijelo dugme“, „U subotu, mala“, „Na vrh brda vrba mrda“ и „Hop-cup“. Бидејќи не му се допаѓала насоката во која се движел бендот, Арнауталиќ ги напуштил на крајот од 1972 година и со тоа им го одзел правото да го употребуваат името Јутро. Додека тие се бореле за името, на бендот му се придружиле Горан „Ипе“ Ивандиќ и Владо Правдиќ, додека пак во меѓувреме, поради лоша караница ги напуштил и Реџиќ, а на неговото место дошол Јадранко Станковиќ.

Поради сите проблеми со името, тие решиле да го сменат во „Bijelo Dugme“, бидејќи и така веќе биле препознавани по песната „Kad bi’ bio bijelo dugme“ и официјално почнуваат да работат под ова име од 1 јануари 1974 година. Оттогаш нивната популарност почнала непрекинато да расте и денес се сметаат за еден од најмоќните бендови во Југославија, бенд кој ги поставил високо стандардите за сите останати по нив. Погледнете дел од нивните најдобри стихови и најпопуларни песни и потсетете се зошто овој бенд сè уште е на врвот…

„Ne spavaj mala moja, muzika dok svira,
Jer taj ludi ritam nikom ne da mira,
Mama je legla i odavno spava,
Nikad neće znati da si bila s nama.
Čekat ću te još trenutak, mala moja,
Onda odoh plesat sam, onda odoh plesat sam

„Tebe traže, ponoć je već
Tebe traže, šta će tata reć
Ne ne ne, bitanga i princeza – par
O o o, ne ide to“
„A ja joj kažem, ne budi luda
Biće nam bolje sto puta
Na zadnjem sjedištu moga auta“
„Lipe cvatu
Sve je isto k’o i lani, hej
Samo srce moje i srce tvoje
U ljubavi više ne stoje“
„Ima neka tajna veza
Za sve ljude zakon krut
Njome čovjek sebe veže
Kada bira sebi put“
„Ti nisi ti više
I što mi je najbolnije
Nikom na svijetu kao meni nije
Liju mi teške novembarske kiše
A ti ne pitaš kako mi je
Jer ti nisi ti više“
„Hajdemo u planine jer tamo nema zime
Hajdemo u planine, jer tamo, jer tamo nema zime
Ojdada ojda ojda ojda ojda, ojdada ojda ojda ojda da
Oioioioioioiiiiii ojda ojda da“
„Evo zore, evo zore, Bogu da se pomolim,
evo zore, evo zore, hej, Đurđevdan je,
a ja nisam s onom koju volim.“
„Napile se ulice
Jer na tebe mislim curice
Napile jer noćas me
Zvijezde svrbe ko bubuljice
Ovo nije pjesma za tebe
I ne vjeruj ni jednu riječ
Dok se pretvarah da te volim
Nisam ni slutio da te volim već“
„Danas otvaram oči
Nakon svih ovih godina
Niti ja voljeh tebe
Nit si ti mene voljela
Samo stara navika je ostala“
Која е вашата омилена песна од „Bijelo Dugme“? Или пак, има ли некој стих кој нема никогаш да го заборавите?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. kiki Reply

    nakon svih ovih godina najnaj mi e od site

  2. Стоименов Reply

    Одлична статија, треба повеќе статии за овие EX YU бендови и соло артисти

  3. Bob Reply

    bitanga i princeza , sta bi dao da si na mom mjestu , kad ostaris :)

  4. mario Reply

    Bijelo Dugme se najdobriot bend koj sto postoel nekogas. Najomileni pesni mi se:
    Evo, zaklecu se
    Padaju zvijezde
    Pluni i zapjevaj moja Jugoslavijo

Остави коментар