Влезете во светот на Red Hot Chili Peppers

Влезете во светот на Red Hot Chili Peppers

Популарниот фанк-рок состав Red Hot Chili Peppers, за фановите изработил интерактивна верзија на видеоспотот за песната „Look Around“.Влезете во светот на Red Hot Chili PeppersВо интерактивната верзија, можете да шетате по собите и да ги гледате музичките перформанси, кои поединечно ги изведуваат членовите на бендот. Покрај тоа, можете да погледнете и нешто од зад сцената, како слајдови од фотографии и видео клипчиња. Со едноставно кликање на дел од предметите во просториите и движење на маусот лево-десно, преземете ја контролата во спотот. Зумирајте, разгледувајте, слушајте музика… Уживајте!

Погледнете ја и оригиналната верзија на спотот, објавена на 26 јануари. И двете се во режија на Роберт Хејлс, кој пак, ни открива дека предметите во видеото се лична сопственост на членовите на бендот. Речиси сите се уметнички дела, а целта е да ни го доловат нивниот карактер.

Синглот е дел од нивниот последен, десетти албум „I’m With You“ и е во продукција на долгогодишниот соработник на бендот, Рик Рубин. Ова е прв албум на „Пеперси“ со новиот гитарист Џош Клингхофер.

Ова не е прво интерактивно видео кое го имаме објавено. Погледнете го и ова, во кое вие можете да ги контролирате движењата во спотот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар