Три нови бесплатни сервиси за слушање радио на интернет

Уживањето во добра и квалитетна музика која навистина ве исполнува, сега е навистина лесно. Онлајн радио станиците ви овозможуваат да слушате музика во континуитет и тоа по ваша желба. Погледнете ги следните интересни сервиси, одберете и уживајте.

1. Филтер мјузик – одбери жанр, одбери станица и слушај добра музика

Одлично ново онлајн радио, кое ќе ви овозможи уживање во зависност од вашето расположение. Работи на сите оперативни системи и прелистувачи и е многу едноставен. Најважно од сѐ е тоа што е бесплатен и може да се користи без регистрација. Постои можност за регистрација, но профилот кој се креира служи само за зачувување на омилените радио станици, што и не е така лоша опција.

filtermusic.net

www.filtermusic.net

Сервисот работи на принципот: одбери жанр, одбери станица и слушај добра музика. За секоја понудена радио станица можете да проверите кои биле последните 10 песни кои биле пуштени, да го посетите официјалниот сајт на станицата, или да го зачувате стримот во вашиот омилен плеер. Станиците кои се на располагање се со високо квалитетен звук.

2. Дрејдио – малку работа, многу музика

theradio.com

www.theradio.com

Иако моментално е во бета верзија, сервисот е супер. Во пребарувачот го впишувате артистот кој ви се допаѓа или жанрот кој сакате да го слушате и вашата работа застанува тука. Сервисот автоматски ви наоѓа станица или песна, а доколку таа не ви се допадне, можете едноставно да ја прескокнете за да почне нова. Исто така, можете да одберете радио станица од листа или пак еден од 40 најпопуларни и најслушани артисти во сите жанрови. Без регистрација, без грижи, а згора на се и бесплатно, едноставно прекрасен сервис.

3. Рejдиономи – +3000 интернет радио станици од секакви музички жанрови

Овој сервис е нешто ново и освежително. На рејдиономи, не само што можете да слушате добри радио станици, туку можете да создадете и ваша лична радио станица, која другите ќе можат да ја чујат. Доколку сакате само да слушате музика, нема потреба да се регистрирате и да креирате профил.

radionomy.com

www.radionomy.com

Профилот ќе ви биде потребен доколку сакате да ги зачувувате вашите омилени станици или пак да создадете нова. Пребарувањето на квалитетна музика функционира многу едноставно со впишување на артист или жанр во пребарувачот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Филип Reply

    http://di.fm ( Digitally Imported ) – Најслушаните on-line радио станици за електронска музика.

Остави коментар