Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времиња

Јутјуб веќе подолго време ја дефинира ерата на онлајн видеата. Во август, 2007 година, комичарот Џадсон Лаипли беше број 1 на листата со видеото „Evolution of Danceby“ кое тогаш било гледано околу 56 милиони пати. Наредната година, во септември, 2008 година, песната „Girlfriend“ од Аврил Лавињ го достигна врвот со околу 103 милиони гледања. Во јануари, 2010 година, видеото „Charlie bit my finger – again !“ ги престигна овие две со 148 милиони гледања. Но, во почетокот на јануари 2011 година, гледаноста на музичкото видео на Џастин Бибер „Baby“ постави сосема нови граници за популарност со неверојатните 400 милиони гледања.Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времињаПесната на Џастин Бибер, „Baby“ била првото видео во историјата на Јутјуб кое достигнало 500 милиони гледања за помалку од една година. Веднаш по него Џенифер Лопез и Питбул со песната „On The Floor“ исто така надминаа 500 милиони гледања за помалку од година. Погледнете кои се другите најпопуларни видеа на сите времиња:

1. Justin Bieber – Baby; 776.057.667

2. Jennifer Lopez – On The Floor ft. Pitbull; 590.511.978

3. Eminem – Love The Way You Lie ft. Rihanna; 491,629,346

4. Shakira – Waka Waka(This Time for Africa); 490.587.283

5. Lady Gaga – Bad Romance; 484.614.768

6. LMFAO – Party Rock Anthem ft. Lauren Bennett, GoonRock; 478.565.987

7. Charlie bit my finger – again !; 477.313.239

8. Michel Teló – Ai Se Eu Te Pego – Oficial (Assim você me mata); 426.124.839

9. Don Omar – Danza Kuduro ft. Lucenzo; 382.332.497

10. Eminem – Not Afraid; 358.947.506



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    уште малку и Call Me Maybe таму ке оди xD

Остави коментар