Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки

Изведувачот Кент Џенкинс, познат како Snubby J, е новооткриен талент со посебна вештина. Тој сам има изработено инструмент, составен од ПВЦ-цевки кои даваат различен звук. Интересен е начинот на свирење на овој инструмент, бидејќи е сличен како лупање на тапани, но со две големи дрвени лажици. Негова инспирација за оваа креативност е групата „Blue Man“, кои исто така изведуваат точки на сличен инструмент.
Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевкиКент беше пријаевен и на шоуто „Америка има талент“, но не успеа да се закити со победа иако тоа што тој го прави е ретко видено. Неговиот канал на Јутјуб досега има 30.000 претплатници, а неговите видеа вкупно се гледани околу 10 милиони пати. Неговото најгледано видео е од средношколска аудиција за таленти, на која тој изведува точка, свирејќи многу познати песни. Некои од нив се: официјалната песна од ТВ серијата„Office“, препознатливите песни од видеоигрите „Тетрис“ и „Супер Марио“, „Bad Romance“ од Лејди Гага, „Crazy Train“ од Ози Озборн и неколку други.

На неговиот канал можат да се најдат и други тематски видеа, каде што свири песни само од еден изведувач.Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ цевки
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Filip Reply

    Dodeka detevo bese vo peleni “The Blue Man Group” imase nastapi nasekade niz svetot.

    Gledajte go originalot, eve nesto kako za pocetok:

    Eve im go celiot set:

    a zgora na toa imaat i dizajnirano i mn drugi instrumenti

Остави коментар