Сребрената Космонаутка, Сара Мејс, ви ги открива најуникатните женски музички гласови

Доколку во последно време постојано забележувате фотографии од вонземјани на Фејсбук, не грижете се, не нѐ напаѓаат суштества од друга планета. Тоа е само екипажот од вселенскиот брод на Сребрената Космонаутка Сара Мејс, кој се подготвува за неговото прво приземјување директно од вселената.

Сара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласови

Ако сакате да бидете дел од оваа бесплатна вселенска забава и авантура, не го пропуштајте слетувањето на бродот, што ќе се случи утре, на 26-ти септември во 20.00 часот, на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ. Подгответе се да поминете 1 час исполнет со креативно бескраен, неуморно уникатен и бескомпромисно футуристички вселенски звук!

Ова се зборовите со кои Сара Мејс го најави нејзиниот необичен концерт. Секогаш посебна, креативна и комуникативна, Сара не престанува да нѐ изненадува со нејзината уникатност. Нејзиниот стил, почнувајќи од изгледот па сѐ до музиката што ја создава, се одликува со неверојатна оригиналност и храброст.

Сара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласови

Започна како „цимерка“, но продолжи непрестајно да го гради и развива својот музички талент, па на крајот стана и космонаутка која утре ќе ни раскаже една поинаква вселенска приказна. Поранешната предвесничка на дождот која нема милост за кретените, го обожува зборот „намбареја“ и признава секогаш кога ќе излаже, доживеа вистинска еволуција со последната песна „Небо“, а сигурни сме дека ќе ни приреди уште многу пријатни музички изненадувања.

Меѓутоа, моќните гласовни способности и впечатливиот изглед не се единствените работи што ја издвојуваат Сара Мејс од останатите македонски пејачки. Таа, исто така е професионална харфистка, а ни покажа и дека одлично танцува во македонското издание на шоуто „Танц со ѕвездите“.

Сара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласови

Придавката „уникатна“ е неизбежна кога треба да се опише Сара. Дури и нејзиното сфаќање на уникатноста е уникатно.

„Секој човек е уникатен на свој начин, но најмногу се истакнуваат тие што се знаат себеси и околината и го вадат тоа познавање и разбирање на површината. Тие што се искрени и доволно храбри да се покажат во вистинското светло“, открива Сара.

Освен тоа, Сара Мејс особено ги почитува луѓето кои редовно доживуваат обединување на сетилата.

„Постои еден тип луѓе за кои сметам дека се различни од сите други. Луѓето кои се прегрнати од музиката и боите во нивните животи. Тоа се луѓето со синестезија кои буквално гледаат бои додека слушаат музика. Тие се синоним на уникатноста, според мене. Сакам да сум како нив и затоа се трудам додека правам, слушам и уживам во музиката да им дозволам на емоциите да ме обвијат на истиот начин на кој тие ги чувствуваат боите“, објаснува Сара.

Сара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласови

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар