Спој на „рециклирана“ музика и лудо возење

Откачен и амбициозен маркетинг проект на групата ОК Go и на Шевролет. Се работи за музички видеоспот насловен „Needing/Getting“ на момците од Лос Анџелес. Тие во должина од над 3 километри, надвор од градот, поставиле 55 стари пијана, 288 гитари и уште 1.157 други импровизирани инструменти. Секое пијано е наштимано на ниски октави, со цел да го дава истиот тон, без разлика каде и да биде ударот. И автомобилот „Chevy Sonic“ е редизајниран за спотот, вградени се елементи, како во неговата внатрешност, така и на каросеријата. Спој на „рециклирана“ музика и лудо возењеСпој на „рециклирана“ музика и лудо возењеНајдобриот опис за спотот е креативно лудило, полно адреналин. За 4-минутното музичко возење, подготовката траела цели 4 месеци, а снимањето 4 дена. Погледнете како изгледа кога екстремните спортови, се претвораат во екстремни видеоспотови и уживајте во кусата турнеја и добрата музика со OK Go и со Шевролет.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар