„Somebody That I Used to Know“ отсвирена од 5 луѓе на 1 гитара

Досега сме виделе многу видеа во кои луѓе свират на повеќе инструменти истовремено. Сме виделе и како звучи транс песна отсвирена на гитара, како двајца свират на една гитара, но никогаш не сме виделе пет луѓе да свират истовремено на една гитара. Очигледно и тоа е возможно. :)„Somebody That I Used to Know“ отсвирена од 5 луѓе на една гитараМузичкиот бенд Walk Off The Earth и пејачката Сара Блеквуд се собрале на едно место, за да ја изведат популарната песна „Somebody that I used to know“ од белгиско-австралискиот пејач, музичар и текстописец Готие, на еден неверојатно интересен начин. Одвојте неколку минути за да го погледнете овој извонреден перформанс.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. S Reply

    lele ludi !! haha bravo !!

  2. spasoja Reply

    vistinsko dozivuvanje, cestitam na umesnosta

Остави коментар