Слушнете ги победниците на Бурчевизија: Јана Бурческа ќе ве изненади со нејзината оригинална музичка плејлиста

Ја паметите секогаш насмеаната Јана од шоуто „Македонски идол“? Тогаш 17-годишната тинејџерка остави голем впечаток на домашната потрага по ѕвезди благодарение на нејзиниот моќен глас, позитивна енергија и оригинални настапи. Иако не заврши како победник, таа остана морален победник во срцата на многу луѓе ширум Македонија. Веднаш по нејзиното искуство во ова шоу, таа направи пауза за да се посвети на образованието со што разочара многумина, но од неодамна таа повторно се врати на музичката сцена и тоа ни помалку ни повеќе туку како наш претставник на Евровизија 2017!

Слушнете ги победниците на Бурчевизија: Јана Бурческа ќе ве изненади со нејзината оригинална музичка плејлиста

Иако Јана може да се пофали со неколку успешни настапи на „Скопски фестивал“ и со песната „Небо“ во соработка со легендарните Мизар, сепак мора да се согласите дека учеството на Евровизија е отскочната даска што може целосно да го смени текот на нејзината музичка кариера со светла иднина.

Доколку сте ја слушнале евровизиската песна со наслов „Dance Alone“, сигурно знаете дека звучи како најголемите хитови што се вртат по радиостаниците, а тоа е одлично, бидејќи токму таквите нумери успеваат на најголемиот европски музички фестивал. Ова не е никакво изненадување ако се земе предвид фактот дека за ова музичко дело заслужни се странските имиња Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов, кои се дел од „Симфоникс интернешнел“ (Symphonix International), музички бренд познат по соработките со светски познати артисти како што се Кели Кларксон, Џон Леџенд, Лејди Гага и многу други.

Слушнете ги победниците на Бурчевизија: Јана Бурческа ќе ве изненади со нејзината оригинална музичка плејлиста

И покрај тоа што песната со која Македонија ќе биде претставена на Евровизија е модерна и комерцијална, музичкиот вкус на Јана навистина многу се разликува од типичните евровизиски песни. Првичната идеја беше да направиме плејлиста од евровизиски песни што нејзе најмногу ѝ оставиле впечаток, меѓутоа таа призна дека музиката што ја слуша по дома воопшто не одговара за оваа тема. Токму затоа решивме да направиме наша оригинална верзија од овој музички фестивал и ја прифативме креативната идеја на Јана да го наречеме „Бурчевизија“. Ќе забележите дека таа има навистина необичен музички вкус кој изобилува со квалитетни изведувачи и моќни песни. Да не должиме повеќе, слушнете ги победниците на Бурчевизија:

1. Nat King Cole – „Nature Boy“

2. Al Di Meola – „Race With The Devil On a Spanish Highway“

3. Opeth – „Benighted“

Продолжете на следната страница за ги чуете и останатите песни…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар