Следен избор за инструмент: Виолина. Еве зошто…

Зарем свирењето на инструмент може да има некакви негативни страни? Сè што е поврзано со музиката и ваквиот начин на креативно изразување е едноставно прекрасно. Доколку во последно време се двоумите со кој инструмент да го започнете новото музичко хоби, ви предлагаме тоа да биде виолината. Еве зошто.

(0) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mk

Релаксирачки ефект

Свирењето виолина има релаксирачки ефект. Кога и да се чувствувате вознемирено и загрижено, звуците на виолината ќе го сменат тоа на подобро. Лошите мисли уште веднаш ќе исчезнат. Ваше е само да почнете со учење на омилената песна!

Нов предизвик

Учењето на нова вештина знае да биде вистински предизвик и да ве доведе чекор поблиску до самоусовршувањето. Свирењето на виолина не е само учење на штура техника. Доброто свирење на виолина е тежок и напорен процес, но уживањето кое доаѓа заедно со одлично отсвирената композиција е непроценливо чувство!

(1) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mk

Продлабочување на музичкото знаење

Преку свирењето на инструмент го продлабочувате и генералното знаење за музиката. Преку ваквото хоби, со текот на времето се запознавате и со историјата, уметноста, културата на одреден период и слично. Со сигурност ќе сакате да истражувате и да се информирате повеќе за животот, делото и музичкиот стил на омилените композитори.

Почитување на класичната музиката

Одењето на класичен концерт е многу повеќе од едноставно седење и гледање во бината. Постои цела приказна зад оркестарот, која треба да биде пропратена со вашето внимание кон диригентот, музичарите и секако, композициите што се изведуваат. Кога се концентрирате на тие елементи, вие несвесно градите почит кон квалитетната музика и солиден музички вкус.

(2) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mk

Разноликост

Ја сакате класичната музика, но не можете да ѝ одолеете и на онаа популарната? Не грижете се, со виолината ќе можете да свирите каков било вид музика. Токму таа разноликост на музички вкусови може да биде задоволена со овој музички инструмент.

Лесна преносливост

Она што е добро кај виолината е лесната преносливост, што не е случај со пијаното, да речеме. Можете да ја земете со себе дури и на некое подалечно патување. Кул и практично!

(3) sleden-izbor-za-instrument-violina-eve-zoshto-kafepauza.mk

Забава

Свирењето на виолина е забавно не само за вас, туку и за целото семејство и пријателите. На интернет лесно се наоѓаат нотите за вашите омилени песни, па зошто да не се обидете да научите нешто ново и да се препуштите на убавите чувства? Среќно!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нe на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Sarah Reply

    ubavo e sto vaka gi ohrabruvate lugeto ama jas sviram na vioina notite ne se naogaat bas lesno i e mnogu tesko da se nauci da se sviri violina se smeta za eden od instrumentite koi se poteski za svirenje … a za uzivanjeto ne odrekuvam violinata e nesto prekrasno

Остави коментар