Преслатко девојче пее во дует со својот татко

Се сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.

Преслатко 6-годишно девојче пее во дует со својот татко

Големата популарност на ова видео, го префрли симпатичниот дует од спалната соба, во „Шоуто на Елен Дегенерез“. Таткото свирка со уста, свири на гитара и пее, а милото девојче го придружува во дует, обидувајќи се со своето невино гласче да ја фати мелодијата и истовремено да не го згреши правилното изговарање на некој збор. :)

Погледнете го и нивниот настап во „Шоуто на Елен Деџенерис“.

Ќе се сложите со мене дека ова дефинитивно е одличен рецепт за градење фантастични спомени од детството, креирани во рамките на едно семејство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Петар Reply

    не е Жорже, ниту Џорџе, човекот се вика Хорхе.

    • Кафе пауза Reply

      Да, во право си Петар. Ти благодариме за забелешката :)

  2. Антагонист Reply

    Дали забележа некој дека таткото е левак ?
    А тоа дека и порај тоа што е левак , жиците на гитарата се поставени обрано ?
    :)
    … кој да ти каже Ивана …

  3. Vasil Reply

    Znaete koj go ima napisano tekstot na “Zelkata ima kosuli trista” ? Toa e istiot covek koj ja ima osnovano emisijata Dajte Muzika, Vasil Pujovski :))… Dedo mi..

  4. Алек Reply

    Елен Деџенерис е правилно

  5. Mert Reply

    Devojceto navistina e preslatko

    Kakva vrska ima tvojot kometar Vasil so ova?

    • Marija Reply

      procitaj ja prvata recenica :)

    • Marija Reply

      iako… da komentarot mu e malku odvisen :)

Остави коментар