Прекрасна преработка на песната „Let It Go“ во африкански стил

Најновиот анимиран филм на Дизни, „Frozen“, не само што руши рекорди во заработка, туку и ги инспирира фановите од сите возрасти да создаваат свои верзии од одличната музика која е напишана од страна на Роберт Лопез и неговата сопруга Кристен-Андерсон Лопез.

Прекрасна преработка на песната „Let It Go“ во африкански стил

Овој одличен кавер е направен од Алекс Боје и во него е вклучен хорот „One Voice Children“. Лекси Вокер ја толкува улогата на ледената принцеза, а Маса Фукуда е режисерот на видеото. Доколку и вие сте зависни од песната „Let It Go“, тогаш оваа африканска верзија е нешто што навистина не смеете да го пропуштите.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар