Песни за полесно учење

Песни за полесно учење

Инструменталните песни претставуваат совршен спој на пијано, виолина, флејта и други инструменти. Доколку вистина сакате да се фокусирате на она што го учите и да успеете, ви препорачуваме да ги слушнете следниве неколку песни.

Песни за полесно учење

1. Синематик оркестра – To Build a Home

Кога станува збор за ваква плејлиста, оваа песна не може да се изостави. Иако не е целосно инструментална, вокалите се волшебни. На крајот вистински се развива и со сигурност нема да ве остави рамнодушни.

2. Лудовико Еинауди – Nuovo Bianche

Оваа песна почнува бавно и ја има најдобрата комбинација на пијано и виолина. Може да ја слушате додека читате или пишувате, и иако е нежна, сепак е доволно моќна за да ви го задржи вниманието.

3. Хари Грегсон-Вилијамс – The Wardrobe

Саундтрак од „Хрониките на Нарнија“. Песната ќе ве однесе во магични предели додека учите, а доминантниот звук на флејтата, ќе ве задржи сконцентрирани во текот на учењето.

4. Патрик Дојл – Neville’s Waltz

Оваа песна звучи како да е компонирана од Бах или Бетовен, а всушност е од филмот „Хари Потер и Пламениот пехар“. Игрива, забавна и совршена да ви го поттикне расположението за учење.

5. Дебиси – Reverie

Клод Дебиси е светски познат композитор и оваа песна е доказ за неговиот огромен талент. Прави да се чувствувате како да сте во некоја магична шума, а не заглавени во читална.

6. Авичи – Wake me Up (Gavin Mikhail Cover)

Оваа акустична обработка на популарниот хит малку ќе ве размрда, а фактот дека текстот е изоставен оди во прилог на подобреното внимание врз она што го учите.

7. Ханс Цимер – Gumption

Доколку се плашите дека инструменталните песни ќе ве успијат, слушнете ја оваа и веднаш ќе видите дека не сте во право. Има прекрасен ритам, игрива е и полна со живот. Ќе ви ја даде точната доза енергија, потребна при долгите ноќи поминати во учење.

8. Бетовен – Fur Elise

Популарен класик кој е одличен за учење, пишување или читање. Ја поттикнува креативноста и позитивно влијае врз мисловниот процес.

9. Моцарт – Serenade No.13 in G Major

За крај, уште еден популарен класик. Разиграното чувство проткаено во ова дело, го прави совршено за слушање додека учите. Оваа песна не е бавна и нема да ве успие како останатите класични композиции. Напротив, ќе ве расположи и исполни со позитивна енергија.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар