Песната „Let it Go“ од „Frozen“ во верзија која буквално ќе ве замрзне

Песната „Let it Go“ од „Frozen“ во верзија која буквално ќе ве замрзне

„The Piano Guys“ се музичка група, која направи класична обработка на песната „Let it Go“ од анимираниот филм на Дизни – „Замрзнато“. Обработката звучи прекрасно и во истата се вклучени и примеси од четвртиот виолиниски концерт „Зима“ од Антонио Вивалди, што е дел од збирката „Четири годишни времиња“.

pesnata-let-it-go-od-frozen-vo-verzija-koja-bukvalno-kje-ve-zamrzne-kafepauza.mk

Што се однесува до изборот на локацијата за снимање на спотот, бендот изјавува:

„Изборот на локација беше клучен фактор во доловувањето на оваа песна. Уште пред една година бевме повикани да снимаме на истата оваа локација и не можевме да ја најдеме најприкладната песна за тоа. Но, кога еден од членовите на бендот го гледаше филмот „Замрзнато“ со своето семејство, веднаш знаевме што треба да направиме и така ја реализиравме идејата.“

Во продолжение погледнете го видеото. Уживајте!




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар