Патувајте во светот на музиката

Сподели

Направете интернет турнеја низ најпознатите светски музички сајтови. Ако создавате музика, ако сте нејзин добар познавач или едноставно уживате во неа, тогаш сигурно ќе се пронајдете барем во еден од следните 10 предлози…Патувајте во светот на музиката1. Soundcloud – на овој сајт можете да ја искажете својата музичка креативност поставувајќи сопствена музика, како и да слушате композиции и миксови на квалитетни музичари ширум светот. Придружите ù се на многубројната музичка заедница на творци и автори, со кои ќе можете да разменувате идеи, да ја слушнете нивната критика и да ја промовирате сопствената музика. Soundcloud е исто така корисен и за музичките блогери, бидејќи неговите плеери овозможуваат едноставно вградување на песните на блогови и веб-сајтови.

2. Hypemachine е идеален за следење на најновите трендови во светот на музиката. Тука можете да видите ремикси на светските хитови во сите музички жанрови.

3. Shuffler е еден вид интернет радио на кое можете да слушате музика од најдобрите светски музички блогови.

4. Ex.fm е интересен сервис за слушање и споделување музика. Тој е достапен и во форма на додаток за прелистувач, кој ги чува сите последни песни што сте ги слушале.Патувајте во светот на музиката5. Grooveshark – претставува онлајн сервис за слушање и чување музика. На овој сајт имате пристап, не само до најголемите светски хитови, туку и до помалку познатите локални музичари. Можете да аплоудирате сопствена музика.

6. Vhx.tv – тука можат да се погледнат музички спотови со висок квалитет.

7. Stereomood е емоционално интернет радио. Тука можете да изберете музика според вашето моментално расположение. На пример, постои музика која ја слушате веднаш после будењето, музика за учење, инспиративна музика итн.

8. Songkick - овој сајт пред сè, овозможува да ги следите вашите омилени бендови и нивните концерти.

9. 8tracks - овде можете да ги следите најинтересните миксови, како и да ги аплоудирате сопствените.

10. Thesixtyone е онлајн сервис каде можете да слушате нови неафирмирани музички изведувачи и да го оценувате нивниот труд.Патувајте во светот на музиката


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар