Оригинални класични преработки на светските музички хитови

Следните фантастични и оригинални преработки на неколку познати музички хитови се дело на The Piano Guys. Тоа е група од петмина многу креативни ентузијасти од кои само двајца се музичари, а другите тројца ги извршуваат задачите во врска со видеата за песните. Нивната заедничка работа од нив направи сензација на Јутјуб, а досега имаат повеќе од 130 милиони прегледи.Оригинални класични преработки на светските музички хитовиИ покрај називот кој го носи групата, Џон Шмит е единствениот пијанист овде, а во преработувањето на песните друштво му прави виолончелистот Стивен Шарп Нелсон. Понекогаш во перкусионистичкиот и вокалниот дел им помага и Ал ван дер Бек, чии обврски се однесуваат пред сè на аранжирање. Пол Андерсон е продуцент на групата, а финалниот производ го заокружува видеографот Тел Стјуарт, авторот на овие прекрасни видеа. Пуштете ги звучниците погласно и уживајте во нивната музика!

Paradise – Coldplay

Titanium – David Guetta feat. Sia

Over the Rainbow – Israel Kamakawiwo’ole

Rolling in the Deep – Adele

What Makes You Beautiful – One Direction

Without You – David Guetta feat. Usher

Just the Way You Are – Bruno Mars



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    BRAVOOO !!! Preubavo !

  2. Иви Reply

    Одлично!

    Rolling in the deep = PERFECT!

    Well done, Piano Guys!

  3. JustMe Reply

    What makes you beautiful – One Republic?

  4. renata Reply

    pervezno dobriiii izvinete,

Остави коментар