Одлични кавери на две македонски момчиња

Кафе пауза секогаш поддржува талентирани, млади луѓе кои имаат голема жар да ја изразат својата креативност и да направат нешто различно. Особено ни е драго, кога ќе чуеме за талентирани млади луѓе од Македонија, какви што се момците Давид Димов и DjGoce D\’Sauce (RawNWicked), кои ги следат музичките трендови во светот, и ја започнуваат својата Јутјуб кариера.

Нивниот проект насловен „AcousticSundays“, се состои од преработки на веќе постоечки песни во нова акустична варијанта. За Аудио&Видео продукцијата е задолжен DjGoce D\’Sauce (RawNWicked), а за перформансот Давид Димовски. Ова се дел од нивните одлични кавери, а момците планираат на секои 2 недели да објавуваат ново видео. Само напред!Одлични кавери на две македонски момчиња



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар