Новото музичко видео на Сиа вклучува уште едно девојче кое е многу кул

Новото музичко видео на Сиа вклучува уште едно девојче кое е многу кул

По објавувањето на својата нова песна „Bird Set Free“, Сиа го споделила музичкото видео и за „Alive“. Како што можевте да претпоставите веднаш, таа не се појавува во него, но овој пат ја нема ни нејзината муза Меди Зиглер. За ова видео, таа најмила минијатурна артистка за боречки вештини, Махиро Такано, која веднаш ќе ве освои. Мора веднаш да ја издвоиме нејзината полу бела, полу црна боб фризура која можеби дури ја надминува и онаа на Меди која на некој начин стана заштитен знак за Сиа.

Новото музичко видео на Сиа вклучува уште едно девојче кое е многу кул

Што се однесува до песната, повторно е во стилот на Сиа и можеме слободно да кажеме дека таа едноставно не греши при изборот. Да не должиме, погледнете го ова одлично видео за „Alive“ со малата и застрашувачка (во позитивна смисла) Махиро која целосно ќе ја смени вашата дефиниција и сфаќање за зборот девојче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар