Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

Кој може да ја заборави слабата девојка со огромна коса, впечатлива шминка, многу тетоважи и моќен глас?! Незаменливата Ејми Вајнхаус не може да се долови со зборови. Станува збор за многу специфичен сензибилитет кој може само да се чуе, почувствува и доживее. Навидум проблематична, а во суштина многу тажна и емотивна. Таа го освои светот со нејзината неизмерна искреност. Секој збор од нејзините песни е приказна сам за себе. Секоја нота е парче од сложувалката на нејзиниот бурен живот и несреќна љубов.

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

Не може а да не нѐ обземе носталгија при самата помисла на тоа дека оваа ѕвезда на музичката небо прерано згасна и нема повеќе да ни подарува нови творби во нејзиниот добро познат Р&Б, соул и џез стил за кои сите ние сме толку многу жедни. И покрај тоа, таа ќе продолжи да блеска во нашите срца преку бунтовничкиот став во „Rehab“, љубовниот песимизам во „Love Is A Losing Game“ и „Back To Black“, бруталната искреност и самосвесност во „You Know That I’m No Good“, а ние и понатаму ќе продолжиме да танцуваме во ритамот на веселата „Valerie“ како ништо да не се случило.

Иако нема да можеме во живо да посведочиме на оригиналноста на Ејми Вајнхаус, трибјут бендот „Amy’s House“ ни даде можност барем делумно да ја почувствуваме магијата на оваа незаменлива пеачка. Станува збор за група талентирани музичари кои својата љубов кон Ејми ја преточиле во секојдневни настапи и изведби на нејзините песни. Сигурно се прашувате како тие се издвојуваат од останатите бендови кои не свират свои оригинални песни. Веројатно ќе треба самите да ги видите и чуете за да ни поверувате, но овој српски бенд, особено женскиот вокал, целосно го имитира изгледот, звукот и чувството на оригиналните изведби на Ејми Вајнахус. Помеѓу членовите од групата владее неверојатна хемија на сцена и тие нудат неповторливо шоу од почеток па сѐ до самиот крај.

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

Пеачката во бендот, Невена Филиповиќ, многу успешно ја доловува Ејми Вајнхаус, благодарение на идентичната шминка, фризура, облека, па дури и тетоважите! Сепак, изгледот не би бил доволен доколку Невена не поседуваше моќен глас кој толку многу звучи како оној на Ејми што ќе ве полазат морници! Освен тоа, таа се однесува исто како Ејми на сцена, одлично ги имитира нејзините движења, начин на говор и успева да ја пренесе нејзината искрена емоција, што е навистина неверојатно да се гледа и слуша! Останатите членови од бендот, Дејан Милосављевиќ на клавијатури, Новак Савиќ на бас гитара, Радивоје Бојановски на гитара и Гафор Ќириќ на тапани и дувачки инструменти безгрешно ја отсвирија секоја нота и придонесоа целото доживување да биде уште попосебно.

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус

Продолжете на следната страница за да го прочитате остатокот од текстот, но и да дознаете кои се омилените песни на бендот од Ејми Вајнхаус…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар