Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

Антониет Коста е млада американска пејачка и текстописец, која живее и работи во Филаделфија и Њујорк. Својот прв албум го има издадено во 2005 година, насловен како „Breakthru“. На него се наоѓаат 12 песни, од кои дел се направени заедно со бенд, додека останатиот дел се пијано балади. Сепак, нејзиниот најголем успех е токму синглот„Void of a Legend“ кој го објави при крајот на август оваа година.

Неверојатна музичка изведба: прекрасен глас, чело и битбокс

Текстот на песната го има напишано токму Коста, а истата ја изведува со феноменалниот виолончелист Кевин „K. O.“ Олусола. Покрај тоа што во песната свири на своето чело, тој исто така покажува дека е извонреден битбоксер. Од нивната соработка е добиен навистина прекрасен производ. Уживајте во нивната изведба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар