Најпознатите сцени од незаборавни мјузикли

Автор: Моника Трајковска

Музичките сцени од мјузиклите имаат за цел да ја потенцираат и развијат приказната, да ни ги доближат карактерите, понекогаш да нè оттргнат од главното дејство, а неретко и да не насмеат. Несомнено, уживателите во мјузиклите знаат зошто го почитуваат овој филмски жанр. Спојот на музиката, танцувањето и развивањето на приказната, како и начинот на кој карактерите ни се обраќаат преку ТВ екраните, создава аудиовизуелна уметничка творба, која на умешен начин ги спојува филмот, музиката и театарот.Најпознатите сцени од незаборавни мјузиклиЕве 10 фантастични музички сцени кои се извадоци од некои незаборавни мјузикли:

Волшебникот од Оз (The Wizard of Oz, 1939)

Базиран на новелата за деца од 1900 година, главните улоги во филмот им припаѓаат на Џуди Гарланд, Реј Болгер, Џек Хејли, Берт Лар и Френк Морган. Во времето кога се појавил, бил познат по своите специјални ефекти, фантазијата на приказната и необичните карактери. Подоцна оваа приказна станува една од најпознатите во светот.


.

Пеејќи на дождот (Singin’ in the rain, 1952)

Овој филм е комедија-мјузикл во кој учествуваат Џин Кели, Доналд О’Конор и Деби Рејнолдс. Се работи за комичен опис на Холивуд и го означува преминот од неми кон тонски филмови. И покрај тоа што не бил голем хит кога се појавил, добил легендарен статус од модерните критичари. Денес постојано е опишуван како еден од најдобрите мјузикли кои се некогаш направени. За оваа сцена се зборува дека Џин Кели бил премногу болен додека ја снимал и одбивал да ја прекине пред да ја заврши. Наводно успеал да ја сними совршено од прва, за да може да си оди побрзо.


.

Мажите повеќе сакаат блондинки (Gentelmen prefer blondes, 1953)

Во овој мјузикл може да се сретнат неколку од најдобрите изведби на Мерлин Монро. Приказната е за девојка од Америка која патува во Париз за да настапува во ноќен клуб. Познатите песни „Bye, Bye Baby“ и „Diamonds are girl’s best friend“ за првпат се сретнуваат токму во овој мјузикл кој и до денешен ден е незаборавен хит.


.

Кралот и јас (The king and I, 1956)

„Кралот и јас“ е мјузикл во кој настапуваат Дебора Кер и Јул Бринер како Ана и кралот од Сијам. Дејството се случува во деветнаесеттиот век и ја раскажува приказната на наставничка по англиски која требало да се грижи за децата на кралот. Најдобро познати сцени од овој мјузикл се „Getting to know you“, „Shall we dance“ и „I whistle a happy tune“.


.

Мери Попинс (Mary Poppins, 1964)

Во овој мјузикл настапуваат Џули Ендрус и Дик Ван Дајк. И покрај тоа што филмот е во продукција на Дизни и се очекувало да биде добро прифатен, никој не ни претпоставил дека денес ќе биде еден од најголемите успеси во историјата на филмовите. Најдобрите музички сцени се „Jolly Holiday“, „Supercalifragilisticexpialidocious„ и секако „Step in time”.


.

Брилијантин (Grease, 1978)

Со помош на Оливија Њутн Џон и Џон Траволта, овој филм е еден од најгледаните во светот. Се работи за животот во средните училишта во 50-те години во Америка, како и за љубовта помеѓу Дени Зуко и Сенди Олсон кои припаѓаат на различни групи на луѓе. Песните „You’re the One That I Want“ и „Summer Nights“ биле број 1 хитови во Велика Британија, а „Grease“ била број 1 во Америка.


.

Мулен Руж (Moulin Rouge, 2001)

Во овој мјузикл настапуваат Никол Кидман и Ијан Мекгрегор. Се работи за Британски поет и писател кој се заљубува во неизлечливо болната ѕвезда на Мулен Руж, кабаре актерка и куртизана Сатин. Овој филм е еден од ретките каде што сите актери сами пеат. Незаборавни сцени се „Diamonds are girl’s best friend“ и „El tango de Roxanne“.


.

Чикаго (Chicago, 2002)

„Чикаго“ е мјузикл во кој се обработуваат темите на славноста, скандалот и корупцијата во времето на џезот во градот Чикаго. Главните улоги ги имаат Рене Зелвегер (Рокси Харт), Ричард Гир (Били Флин) и Кетрин Зета Џонс (Велма Кели). Приказната е за две жени кои биле пратени во затвор за убиство. Велма е танчерка во ноќен клуб која ги убила маж ѝ и сестра ѝ кога ги фатила заедно во кревет, а Рокси го убила нејзиното момче зашто не успеал да ја направи славна. Овој филм има многу добри сцени, но се издвојуваат „The cell block tango“ и „All that jazz“.


.

Лак за коса (Hairspray, 2007)

Овој мјузикл се однесува на една „пријатно пополничка“ тинејџерка Трејси Трнблад (Ники Блонски) која ја следи својата желба да биде танчерка на локалната телевизиска емисија која функционира малку расистички. Нејзината мајка ја глуми Џон Траволта, а останатите улоги им припаѓаат на Мишел Фајфер, Кристофер Волкен, Аманда Бајнс, Зек Ефрон, Квин Латифа и Британи Сноу. Најдобро познати сцени се „Ladies’ Choice“, „Welcome to the 60s“ и „You can’t stop the beat“.


.

Мама Миа! (Mamma Mia!, 2008)

Еден од најгледаните модерни мјузикли, базиран според песните на многу познатата поп група АБА. Главната улога ја има Мерил Стрип која ја глуми самохрната мајка Дона Шеридан. Пирс Броснан, Колин Фирт и Стелан Скаршгорд ги глумат трите можни татковци на нејзината ќерка Софи која ја глуми Аманда Сејфрид. Приказната е за младата девојка Софи која треба да се венча и сака да си го пронајде таткото за да ја придружува до олтарот. Најнезаборавни сцени се „Voulez-Vous“, „Mamma Mia!“, „Super Trouper“, „Gimme! Gimme! Gimme! (A Man After Midnight)“ и „Dancing Queen“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Simona Reply

    go imate ispusteno Hair i Let the Sunshine In, himna na edna cela generacija:)

Остави коментар