Најпопуларните песни од 2013 помешани во една

Најпопуларните песни од 2013 помешани во една

Оваа седмица пристигна музичкиот мешап за 2013, кој секоја година со задоволство го очекуваме. Во последните 7 години DJ Earworm го прославува месец декември, правејќи маестрален мешап од 25-те најпопуларни песни за годината. Наречени „United States of Pop“, мешапите се составени од битови и делови од сите 25 одбрани песни, проследени со нивните видео записи, а диџејот притоа завршува одлична работа, врзувајќи ги во едно убаво аудиовизуелно видео.

Најпопуларните песни од 2013 помешани во една

Постои веројатност дека после неколку години нема да ви текнува на ниедна песна од 2013, но во меморијата сигурно ви се врежеле големите хитови како Get Lucky, Blurred Lines, Wake Me Up и ред други. Оваа година видеото е сочинето од делови од песните на Мајли Сајрус, Лорди, Макелмор, Тејлор Свифт, Дафт Панк, Имеџин Дрегонс, Ријана и други. Уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар