Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Во светот на музиката, покрај добро познатите музички правци, постојат и оние кои настанале со комбинација на два или повеќе жанрови. Некои од нив доживеале голема популарност, а други, пак, стекнале мала, но верна група обожаватели со специфичен музички вкус. Слушнете ги најчудните музички правци кои ќе ви ги прошират хоризонтите и можеби ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот нов омилен музички жанр…

Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Бургер-Хајлајф (Burger-Highlife)

Овој музички правец е препознатлив по веселиот звук на гитарата. Претставува комбинација од џез мелодии во кои доминира хорната и звуците на синтисајзерот. Иако се смета за германски музички вид, жанрот бургер-хајлајф потекнува од Гана, односно станува збор за музика на ганските доселеници во Германија.

Анблек метал (Unblack metal)

Жанрот анблек метал не се разликува многу од блек металот, освен по текстовите. Во блек металот честопати се пее за сатанизмот и темната страна на животот, додека, пак, анблек металот преку своите текстови ги промовира христијанските идеали и го слави Исус Христос. Начинот на пеење е силен и гласен придружен со тврди звуци.

Чиптјун (Chiptune)

Чиптјун, чипбрејк или чип музика претставува еден вид електронска музика која настанала преку употребата на звучните чипови од старите играчки конзоли. Најчесто сите песни кои припаѓаат на овој жанр потсетуваат на старите видео игри од 80-тите години на минатиот век, иако постојат и такви што содржат текст и елементи од други музички правци.

Вижуал кеи (Visual Kei)

Вижуал кеи е движење што се појавило меѓу јапонските музичари кои се одликуваат со андроген изглед, огромна коса и многу шминка. Со оглед на тоа што не постои одреден звук карактеристичен за ова движење, многумина сметаат дека вижуал кеи не е музички правец, туку модна поткултура. Сепак, може да се каже дека овој жанр претставува комбинација од глам рок и хеви метал.

Пиратски метал

Објаснувањето за овој музички правец е прилично едноставно: Сите пиратски метал бендови пеат за пирати, односно за гусари. Звукот со кој се одликува овој жанр потсетува на сите останати метал правци со елементи на морнарска музика. Бендовите настапуваат облечени како пирати пред публика која на настапите доаѓа исто така облечена.

Продолжете на следната страница за останатите необични музички правци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар