Музичкото видео за новата песна на Мелани Мартинез испраќа навистина моќна порака

Музичкото видео за новата песна на Мелани Мартинез испраќа навистина моќна порака

Мелани Мартинез е талентирана музичарка со уникатен стил, позната по тоа што самата глуми и ги режира музичките видеа за нејзините песни. Но, таа не е само уште една пеачка со откачена фризура која се обидува да се прослави благодарение на нејзината ексцентричност. Нејзините песни и музички видеа ги отсликуваат проблемите во современото општество на кои навистина треба да им се обрне внимание.

Музичкото видео за новата песна на Мелани Мартинез испраќа навистина моќна порака

Во најновото музичко видео за песната „Mrs. Potato Head“, Мелани го нагласува проблемот со денешните стандарди за убавина. Медиумите се преплавени со слики од девојки со совршени црти на лицето и витка линија, кои изгледаат идентично! Модерните жени уште од рана возраст чувствуваат притисок да ги исполнат тие нереалистични критериуми за убавина, бидејќи сметаат дека така ќе бидат поприфатени и повеќе ќе му се допаѓаат на машкиот пол. Со таа цел, тие подлегнуваат на еден куп пластични операции со кои се уништуваат и разобличуваат. Операциите и таблетите за слабеење можеби ќе им го дадат посакуваниот изглед, но нема да им ја вратат изгубената самодоверба. Видеото содржи експлицитни сцени од сечење кожа и ставање инпланти од кои ќе ве полазат морници.

Погледнете го ова видео со моќна порака што несомнено ќе ве наведе на размислување…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар